Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Не сме толку комплицирани“: Жените споделуваат работи што мажите не ги знаат за нив

Многу често мажите тврдат дека едноставно, не можат да ги разберат жените. Без разлика дали причината е незнаењето или незаинтересираноста, митот дека жените се вистинска мистерија постои.

ne-sme-tolku-komplicirani-zhenite-spodeluvaat-raboti-shto-mazhite-ne-gi-znaat-za-niv-01.jpg

Но, неколку жени решиле да ги земат работите во свои раце и го прославиле хаштагот #WhatMenDontKnowAboutWomen (Што мажите не знаат за жените) и со него споделуваат „факти“ за нив што им се непознати на мажите.

Па, изгледа дека веќе мажите немаат изговор за нивното неразбирање.

„Навистина сакаме џебови на нашите панталони, фустани и здолништа.“

„Можеме да бидеме пријатели со припадниците на спротивниот пол без да нè привлекуваат.“

„Ние сме човечки суштества, а не секс објекти. Не сме овде за да ве задоволиме. Не сме овде само за да изгледаме убаво. Не мора да се смееме. Не ви должиме ништо само затоа што имаме вагина. Вие не ги поседувате нашите тела. НИЕ СМЕ ЧОВЕЧКИ СУШТЕСТВА.“

„За многу од нас, нашите емоции и сексуални потреби се поврзани. Кога се чувствуваме сигурно и сакано, почесто сакаме да имаме секс, поотворени сме за експериментирање и ментално сме повклучени. Добриот однос кон нас ќе го направи сексот 10 пати поубав и за вас, и за нас.“

ne-sme-tolku-komplicirani-zhenite-spodeluvaat-raboti-shto-mazhite-ne-gi-znaat-za-niv-02.jpg

„Мажите сакаат да делуваат, па кога сме тажни вие често сакате да ги поправите нештата. Кога не можете, станувате гневни, но вистината е дека не треба да поправите нешто за да нè утешите. Само бидете овде.“

„Не се шминкаме и не се облекуваме за вас. Го правиме тоа за себе.“

„Кога имаме менструација, не претеруваме. Како би се чувствувале вие ако три денови по ред вашето тело се грчи и подува? Навистина минуваме низ мизерија, па престанете да се однесувате како тоа да е само менструација.“

„Тоа што некоја девојка не сака да излезе со вас, не е личен напад. И нам нè одбиваат.“

ne-sme-tolku-komplicirani-zhenite-spodeluvaat-raboti-shto-mazhite-ne-gi-znaat-za-niv-03.jpg

„Можеме да откриеме сè, па ако не сакате да дознаеме нешто, не правете го.“

„Ние сме луѓе. Ние имаме телесни функции. Ние се потиме, пцуеме и мирисаме. Ние сме исто агресини, исто гневни, само нè научиле никогаш да не го покажуваме тоа. Ние (повеќето од нас) сакаме секс повеќе од вас. Ние сме само луѓе.“

„Мразиме да се жалиме колку што вие мразите да слушате. Едноставно станете и помогнете без да го побараат тоа од вас.“

„Ако девојката има исти градник и гаќи, не сте вие личноста што го планирала сексот.“

ne-sme-tolku-komplicirani-zhenite-spodeluvaat-raboti-shto-mazhite-ne-gi-znaat-za-niv-04.jpg

„Навистина ги цениме малите нешта, како слатките утрински пораки.“

„Ќе ве почитуваме многу повеќе ако сте искрени уште на почетокот. Ако сакате врска, кажете. Ако сакате само секс, кажете.“

„Ако ви поставиме прашање кажете ни ја вистината, бидејќи најверојатно веќе го знаеме одговорот.“

„Не сме толку комплицирани!“

Извор

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Фотки што ќе ве разнежат – Луѓе кои имаат прекрасни соседи „Соседот ми го побара резервниот клуч – ми рече за да го изнесел кучето додека с...
Жените откриваат кои работи за мажите всушност не ги знаеле Ако прашате маж за што размислува и тој ви каже „За ништо“, верувајте му – тој н...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg