8 животни лекции кои сите ги учиме предоцна
Животот е еден и пред да станете свесни, ќе се прашувате како помина толку брзо. За да го спречите тоа треба да одвоите време и да се запрашате што ви треба и што сакате.
Одвојте време да преземете ризици, одвојте време да се смеете, да плачете, да сакате, да научите и да простите.
А, овие лекции кои за жал сите ги учиме предоцна, нека ви помогнат во тоа:
1. Овој момент е вашиот живот
Вашиот живот не е само времето помеѓу раѓањето и смртта. Вашиот живот е од сега па сè до вашиот следен здив. Сегашноста - тука и сега - го претставува целиот живот.
Затоа треба да го живеете секој момент целосно, во мир, без страв и жалење.
2. Животниот век не е премногу долг
Ова е вашиот живот и треба да се борите за себе. Борете се за она што е правилно, за она во што верувате, за она што ви е важно, за луѓето што ги сакате, и никогаш не заборавајте да им кажете колку ви се важни.
Што и да треба да правите, направете го денес. Никогаш не знаете како ќе биде утре.
3. Пожртвуваност денес - профитабилност во иднината
Кога станува збор за напор и посветеност треба да се запрашате една работа: „Дали сум подготвен да живеам неколку години онака како што многу други не би сакале, за да можам да го поминам остатокот од животот онака како што не можат многу други?“
4. Со двоумење станувате роб на минатото
Кога сте проактивни, вашето минато ви помага да го тргнете товарот од грбот. Направете нешто за што ќе бидете благодарни во иднина.
5. Неуспесите се само лекции
Добрите работи им се случуваат на оние што продолжуваат да се надеваат и покрај тоа што се разочарани. Затоа никогаш не жалите за нешто што ви се случило во животот.
Помислете на тоа каква лекција сте научиле, и само храбро, со кренати глави, продолжете понатаму.
6. Најважниот однос е оној што го имате со себе
Среќа е кога се чувствувате добро во вашата кожа, со себе, без да чувствувате дека ви треба нечие одобрение. Треба да имате здрав однос со себе, за да имате здрав однос со другите.
Треба да се чувствувате ценето и прифатено во свои очи, за да можете самоуверено да погледнете во очите на другите луѓе и да се поврзете со нив.
7. Делата зборуваат за луѓето
Во животот ќе запознаете луѓе кои ќе ги кажат сите вистински зборови во вистинско време; но треба да размислите за нивните постапки, а не зборови.
Обрнете внимание на она што го прават луѓето. Нивните постапки ќе ви кажат сè што треба да знаете.
8. Малите акти на љубезност го прават светот подобро место
Насмевнете им се на луѓето кои имале лош ден. Бидете љубезни кон нив. Научете да давате, дури и ако тоа е само насмевка, не затоа што имате премногу, туку затоа што разбирате дека постојат толку многу луѓе кои се чувствуваат како да немаат ништо.
Ашера | Црнобело