Кои особини луѓето најчесто ги глумат пред другите?

Факт е дека секој од нас сака да изгледа добро во очите на другите, а поради ова неретко ги криеме нашите слабости, несигурности и карактеристики што не ни се допаѓаат. Исто често секој од нас и глуми по некоја особина, со цел да им се допаднеме на другите.

inteligencija-ektrovertnost-i-samodoverba-lugjeto-spodeluvaat-koi-se-osobinite-shto-gi-glumat-pred-drugite-01.jpg

На форумот Reddit некој ги прашал корисниците која е особината што ја глумат пред другите, а одговорите можете да ги погледнете во продолжение.

„Интелигенцијата. Се научив да се однесувам како секогаш да знам што правам.“

„Талент за безначајни разговори. Едноставно немам трпение за тоа.“

„Екстровертност. Не, не сакам да излегувам и да висам со другите. Да, сепак го правам тоа.“

„Всушност многу сум цинична и им судам на другите повеќе отколку што сакам да признаам.“

inteligencija-ektrovertnost-i-samodoverba-lugjeto-spodeluvaat-koi-se-osobinite-shto-gi-glumat-pred-drugite-02.jpg

„Самодоверба!“

„Секогаш сум подготвен за работа и помош. Всушност, глумам дека сум.“

„Интерес. Кога некој мисли дека го слушам внимателно и дека ме интересира што зборува, често тоа не е вистина. Многу често воопшто не ми е гајле. “

„Често изгледам како да немам план или потребните вештини. Ова може да се однесува на работното место или на што било во животот. Можеш да научиш многу за некој личност кога глумиш дека не знаеш ништо, а всушност разбираш многу за него и за тоа што го правиш. На овој начин добиваш интересни информации за него и другите нешта. Причината што го правам ова е тоа што научив многу работи откако почнав да се однесувам вака.“

inteligencija-ektrovertnost-i-samodoverba-lugjeto-spodeluvaat-koi-se-osobinite-shto-gi-glumat-pred-drugite-03.jpg

„Љубезност. Во животот никој не ме разгалувал и сега морам да се натерам да бидам добра и љубезна кон другите. Вистината е повеќе сакам да им се развикам.“

„Сила. Премногу сум чувствителна.“

„Не знам што е реално кај мене, а што глумам. Воопшто не ме интересира.“

„Се преправам дека сè одвива како што треба и по план, кога всушност сум подвижна катастрофа.“

„Јас сум една од најплашливите личности што ги познавам. Го променив супермаркетот бидејќи касиерката ме запомни и почна да разговара со мене. Немав ниту еден пријател на факултет – повеќе сакав да бидам сам. Но поради ова сум навистина успешен на работа – знам дека ако не привлекувам внимание, сè ќе биде во ред. Повеќе ми е страв да бидам сиромашен. Што се однесува до приватниот живот, во брак сум (сопругата ми пријде прва) и имам тесен круг на пријатели. Некои работи едноставно треба да се направат.“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Работи што ги прават луѓето кои живеат сами (а на другите може да им се чудни) „Учам кореографии на омилените песни, а потоа им ги покажувам на кучето и двете ...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg