Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Островот на кој сакаат целосно да го укинат сметањето на времето

Времето е концепт кој нема смисла за жителите на овој остров, кои сакаат да ја создадат првата „слободна зона“ во светот, каде што нема да постои пресметување на времето.

Na ovoj ostrov sakaat celosno da go ukinat presmetuvanjeto na vremeto 01

На островот Сомарој, познат и како Островот на летото, помеѓу 18 мај и 26 јули, не паѓа ноќ, а имајќи предвид дека се наоѓа на север од Норвешка, во близина на Арктичкиот круг, сонцето не заоѓа.

Денот трае 69 дена, а од ноември до јануари, владее потполна темница.

Петиција за укинување на броењето на времето е доставена во градската општина, за да се дискутира за промените, кои се неопходни за укинувањето на временската зона.

Жителите веќе долго време го игнорираат концептот на времето, па не се придржуваат кон работното време во доменот на трговија и риболов, двете главни гранки во регионот.

Na ovoj ostrov sakaat celosno da go ukinat presmetuvanjeto na vremeto 03

Се надеваат дека, ако се воведе слободна зона, нема да има стриктни работни часови и дека луѓето ќе имаат флексибилно работно време.

Меѓутоа, некои жители не се сигурни како оваа промена ќе влијае на туристичкиот сектор, бидејќи би било тешко да се направи регистрација во хотелите или да се утврди работното време на баровите и рестораните.

Na ovoj ostrov sakaat celosno da go ukinat presmetuvanjeto na vremeto 02

Сепак, колку и да е чуден овој закон, тој не е единствениот чуден закон во Норвешка. Имено, во еден град не е дозволено на се умре.

На пример, во градот Лонгјербејн треба да се однесат мртвите тела од островот поради студената температура што не им дозволува на телата да се распаднат.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 фото-докази дека времето остава белег Од факс машина со скенер користена толку многу низ годините што хартијата ја исе...
Жена брка богати швалери за да добива скапи подароци - но сопругот ѝ одржа добра лекција (видео) Жена си бркала богати швалери за да добива скапи подароци од нив, но мажот со тр...
Фрази кои ги користат мажите кога не сакаат да признаат дека грешат Мажите кои не признаваат дека не се во право, многу често ќе правдаат ...
„Тагата не е момент - таа не избледува само затоа што времето оди напред“ Светот може да очекува тагата да има рок на траење, да биде нешто што на крајот ...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
14 забавни фото-споредби: Различности кои не се опишуваат со зборови Нов и стар пар патики сликани еден до друг, маж пред и по трансплантација на кос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg