Во најсеверниот град во светот никој не умрел цели 69 години
- Детали
- четврток, 05 септември 2019
Освен тоа што ја носи титулата на најсеверен населен град, норвешкиот град Longyearbyen има една многу почудна карактеристика – таму никој не умрел полни 69 години, бидејќи умирањето е забрането со закон.
Дури и ако целиот свој живот сте го поминале живеејќи таму, како што пренесува IFL Science, ако ви се случи да се разболите од сериозна болест, ќе мора да се отселите од таму и смртта да ја дочекате на друго место.
Ако мислите дека овој закон е бизарен, во право сте, но сепак е добро издржан – има за цел да ги заштити останатите луѓе кои живеат во гратчето.
Во 1950-та година било откриено дека телата закопани на градските гробишта не се распаѓаат, бидејќи се замрзнуваат, па поради тоа постои голем ризик од зарази во иднина, доколку температурите опаднат и телата почнат да се растопуваат.
Иако ова звучи како хорор сценарио, сепак е сосема реално.
Од пописот во 2015-та година, тука живеат 2,144 жители, а владее температура од 3 до 7 степени, која во зима паѓа до -13 степени.
Поларната ноќ трае 111 дена, односно од крајот на октомври до средината на март владее целосна темнина.
Погледнете како изгледа гратчето:
https://www.instagram.com/p/B19FCBDnOt_/
М. Д. | Црнобело