Светиот пијалак на амазонските племиња, познат како ајахуаска, денес претставува голема мистерија и желба за авантуристи кои сакаат да се убедат во приказните за ефектите на овој пијалак. Дали станува збор за езотерични шамански ритуали, трансцендентално разбирање на светот или астрални проекции? Од една страна стојат научниците, чиј пристап кон светот се базира на логичките аргументи, кои го гледаат овој пијалак како психоделик кој предизвикува халуцинации, додека од друга страна стојат спиритуалистите кои сметаат дека ова искуство може да ви го промени животот. Но што е навистина ајахуаска и како делува овој мистичен пијалак?