Двете сестри кои се дијаметрална спротивност
Александрија Бишоп и Џесика Тутант се сестри од Детроит кои воопшто не наликуваат една на друга. Благодарение на една објава на Твитер, сестрите навистина се прославија и добија над 468.000 допаѓа – број кој постојано се зголемува.
Александрија објавила неколку фотографии за да покаже колку им се различни модните стилови неа и на сестра ѝ. Истовремено покажала и фотографија на која се гледа и колку им се и различни домовите.
„Јас и сестра ми сме потполно различни“, стоело во нејзината објава.
На фотографиите, Александрија е сериозна и со темна коса и облека.
Џесика, од друга страна, ја има најшироката насмевка и коса со бојана виножито.
Нивните домови се потполно различни - домот на Џесика е со живи бои, има мал базен и гума во форма на еднорог.
Во домот на Александрија ќе ве пречека дипла со натпис „Оди си“, а веднаш до неа стои мал мртовечки ковчег.
Во внатрешноста на домот на Александрија можете да видите многу филмски постери, фотографии и черепи, а таа имала и завеса за туширање со лилјак и интересна колекција на филџани.
Како што веројатно и веќе очекувате, внатрешноста на домот на Џесика е исполнета со светли бои.
Објавата на сестрите веднаш се прославила, иако Александрија воопшто не го очекувала тоа.
My sister and I are polar opposites.
— ♝ 𝔄𝔩𝔢𝔵𝔞𝔫𝔡𝔯𝔦𝔞 ♝ (@aalexandriabish) July 18, 2019
Her home vs mine 🌈⚰️ pic.twitter.com/NYt80aEo0H
„Ги гледав внуките денес во дворот на Џесика и ја фотографирав нејзината ограда и решив да ја објавам. Најизненадувачкото нешто се прослави! Никогаш нема да разберам.“
Веројатно се прашувате како е можно две сестри да бидат волку различни. Според Александрија, причината најверојатно е возрасната разлика - од цели 8 години.
Корисниците на Твитер веднаш почнаа да ги споредуваат сестрите и да споделуваат мислења и коментари:
https://twitter.com/Lithunium_Snow/status/1151857320676220928
— seeing more of seymour (@FlamingMercury5) July 18, 2019
„Една од нив работи за власта а другата продава кристали за исцелување.“
„Јас на 20 години, наспроти јас на 30.“
„Јас сум и двете.“
„Се заморувам само што ја гледам девојката лево.“