Ситници во домот за кои гостите нема да ви преречат, но сигурно ги забележуваат
Валкан под во кујната и мали дефекти низ домот – за кои ситници гостите можеби нема да ви замерат, но сигурно ќе ги забележат?
Кога каниме некој во нашиот дом, сакаме да се прикажеме во добро светло.
Дури и ако се најблиските пријатели, домот сепак е наше катче и сакаме да изгледа што е можно подобро.
А, кога го средуваме домот за гостите, со тоа, на некој начин, им покажуваме почит и нив.
Но, некои ситници настојуваме да ги заборавиме. И иако гостите можеби нема да ни преречат за нив, дефинитивно ги забележуваат.
На кои ситници да обрнете внимание?
Мали дефекти низ домот
Изваден штекер, прегорена сијалица…
Овие работи навистина се ситници и можеби не ви пречат во секојдневието, па одложувате да ги средите.
Но, дефинитивно го прават просторот погрд.
Непријатен мирис
Мирисот е можеби првото нешто што го забележуваат сите кога влегуваат некаде.
Ако забележувате непријатен мирис кога ќе си дојдете дома, верувајте дека го забележуваат и гостите.
За да го решите овој проблем, не оставајте храна на работната маса или во мијалникот, редовно мијте ги корпите за отпад, ако имате мачка секој ден чистете ја кутијата со песок…
Од помош можат да ви бидат и освежувачите за воздух, но ако сакате поприродна алтернатива, ништо не ги заменува мирисливите свеќи.
Проблематични миленици
Ако вашето милениче не сака други луѓе и ги напаѓа или, пак, премногу сака да си игра, кажете им на гостите однапред.
Ако тие не сакаат миленик кој постојано ќе инсистира да си играат со него, подобро организирајте ја средбата во ресторан или слично.
Овенати растенија
Растенијата го разубавуваат и најмонотониот простор. Но, кога се овенати, создаваат сосема поразличен ефект.
Ако немате време (или талент) за одгледување растенија во домот, можете да украсите со вештачки – денес постојат навистина добри копии кои изгледаат речиси природно.