Ситници во домот за кои гостите нема да ви преречат, но сигурно ги забележуваат
Недостаток од тоалетна хартија
Помислете како би се чувствувале ако отидете во тоалет на гости и доцна сфатите дека нема тоалетна хартија.
Кога чекате гости, осигурете се дека има барем 2-3 ролни во тоалетот.
Расфрлани продукти за хигиена во бањата
Ако имате шкафчиња во бањата, наредете ги продуктите во нив.
Ако немате шкафчиња, тогаш барем уредно наредете ги продуктите во бањата.
Не мора секој да ги гледа вашите тампони или кремот за инфекции.
Исто така, осигурете се дека имате сапун и чиста крпа за раце за гостите.
Расфрлана спортска опрема
Простирка за вежбање на подот, велосипед во ходникот, торба со облека за во теретана…
Можеби сте немале време да ги средите овие работи веднаш по вежбање и вам не ви пречат, но гостите сигурно ќе ги забележат.
Валкан под во кујната
За жал, подот во кујната е нешто што треба да го чистиме секојдневно.
Сепак, овде приготвуваме храна и без разлика колку сме внимателни, нешто сигурно ќе ни падне.
А, валканиот под е и повеќе од очигледен, па не заборавајте да го соберете правот и нечистотијата ако чекате гости.
Спирова С. | Црнобело