Што треба да правите во 30-тите за да имате добар живот во 50-тите?
Доколку можете да се вратите во времето, сигурно би промениле некои нешта. Без разлика дали тоа се одлуки или навики, сигурно има барем едно нешто коешто денес би го направиле поразлично.
Но, бидејќи не можеме да патуваме низ времето и да го промениме минатото, треба да се задоволиме со советите од постарите и да си ја подобриме иднината.
Неколку луѓе постари од 50 години споделиле што би сакале да направат поразлично во нивните 30-ти, а во продолжение погледнете ги нивните совети:
Немојте да пушите
Доколку веќе пушите, обидете се да ги оставите цигарите. Оваа навика е скапа, прави облеката да ви мириса лошо и воопшто не е добра за вашето здравје.
Престанете да јадете лоша храна
Можете да заработите многу пари до 50-тите и да си овозможите сè. Но, никогаш нема да можете да го купите вашето здравје. Па, обидете се во 30-тите да се зборувате со брзата храна.
Одржувајте ги или поправете ги врските со роднините и родителите
Можеби односите со семејството ви се заладени, но токму овие луѓе ќе ве научат да најдете компромис. Обидете се да минувате повеќе време со вашите родители бидејќи нема секогаш да бидат со вас.
Престанете да излегувате на сонце без заштита
Дали сакате брчки во 50-тите? Доколку не, не ја заборавајте заштитната крема за сонце во 30-тите.
Редовно вежбајте
Доколку сте активни сега, ќе бидете активни и во 50-тите. Не дозволувајте си да се здебелите. Дебелината не само што ќе влијае врз вашата самодоверба, туку може да предизвика и многу здравствени проблеми.
Штедете, дури и малку
Овој совет сте го слушнале безброј пати, но има причина за тоа. Обично во 30-тите луѓето можат да тргнат некој денар настрана. Па, правете го тоа, без разлика за колку мала сума станува збор.
Бидете задоволни со она што го имате
Сонувајте за нешто повеќе, но секогаш бидете задоволни со она што го имате. Токму ова ќе ве направи посреќни, без разлика каде се наоѓате во животот.
Не ги одложувајте животните цели
Сакате ваш дом? Сакате да имате деца? Сакате да напишете книга? Сакате да ја промените кариерата? Која и да е вашата желба, почнете да работите на неа уште денес. Немојте да го чекате совршениот момент.
Времето навистина забрзува кога ќе наполните 30, а сигурно не сакате да ги дочекате 50-тите огорчени бидејќи не сте се обиделе да си ги исполните целите.
Наспијте се
Немојте да ја заборавате моќта на квалитетниот сон. Секоја вечер легнувајте си во исто време и секое утро будете се во исто време.
Грижете се за вашите заби
Уште денес отидете на заболекар за забот што ви предизвикува проблеми. За разлика од другите здравствени проблеми, оние со забите само се влошуваат доколку не ги средите. Сигурно не сакате во 50-тите да носите вилица.
Собирајте сеќавања, а не предмети
Вие сте збирот од вашите искуства и сеќавања. Не дозволувајте после 20 години да се најдете опкружени со предмети, но со никакви сеќавања.
Дајте нешто за возврат
Што и давате, дали тоа е подарок, помош, љубов или грижа, давајте со целото срце. Уште поважно, никогаш не очекувајте нешто за возврат.
Бидете љубопитни и секој ден правете по едно нешто што ве плаши
Излезете од вашиот дом и имајте авантура. Направете ја што е можно поголема. Фотографирајте сè, отидете на патувањето од соништата, пријдете ѝ на личноста што ви се допаѓа...
Се разбира, нема секогаш да имате услови за вакви нешта, но дури и најмалите работи можат да ви причинат задоволство. Сè што треба да направите е да истражувате и да имате отворен ум.
Читајте барем 10 книги годишно
Никој 50-годишник нема да рече дека би сакал да гледа повеќе филмови и телевизија во младоста. Вашиот мозок постојано се развива, па хранете го со читање.
Патувајте што е можно почесто
Секогаш кога имате можност за тоа, отпатувајте негде. Не мора да одите во друга држава, можете да ги истражите и околните градови. Најважното е да го почувствувате вистинскиот ризик и да се инспирирате.
Научете да медитирате
Листата со придобивки од медитација е бескрајна, а треба да одвоите само неколку минути дневно. Доколку не верувате, можете да најдете безброј истражувања што го потврдуваат ова.
Пронајдете се
Важно е уште сега да тргнете на патот кон себеоткривањето. Дваесет години од денес, ќе си бидете благодарни што сте го направиле тоа.
Водете дневник
Факт е дека ќе заборавите голем број сеќавања, но дневникот ќе ви помогне да се потсетите. Нема потреба да пишувате многу, само 2-3 реченици во денот се сосема доволно.
Имајте свој дом
Обидете се да заштедите и да си купите свој дом. Речиси ќе го исплатите додека да наполните 50.
Грижете се за пријателите
Дружете се со луѓе кои прават да се чувствувате добро. Грижете се за нив, смејте се со нив, правете луди нешта. Пријателите навистина се бесценети.
Спирова С. | Црнобело