Бидете внимателни: Кои се „омилените“ предмети на крадците?

Доколку во домот ви има влезено крадец, веќе знаете дека ова искуство е навистина непријатно и застрашувачко. Но дали некогаш сте се запрашале кои предмети од домот се омилената мета на крадците?

bidete-vnimatelni-koi-se-omilenite-predmeti-na-kradcite-01.jpg

Во летната сезона кражбите се почеста појава, најмногу поради тоа што луѓето одат на одмор, па нивните домови се празни и по неколку денови.

Во тој случај, добро е да знаете што најчесто бараат крадците и навреме да ги заштитите овие предмети...

Накит

Накитот е навистина лесно да се продаде нелегално, па неретко ова е првото нешто што го земаат крадците. Најчесто воопшто не им е грижа дали ќе украдат бижутерија или злато и обично земаат сè што ќе им дојде под рака.

Дури потоа разгледуваат што украле и што можат да продадат.

bidete-vnimatelni-koi-se-omilenite-predmeti-na-kradcite-02.jpg

AI асистенти

Електрониката во домот е уште една од главните мети. Во овој случај, најчесто ги одбираат достапните предмети, односно помали, но поскапи направи, како што се AI асистентите.

bidete-vnimatelni-koi-se-omilenite-predmeti-na-kradcite-03.jpg

Пари

Крадците неретко крадат и кеш, па можеби најдобра опција е сите пари да ги чувате во банка. За разлика од кредитните картички, кешот не може да се „откаже“, ниту пак да се следи.

bidete-vnimatelni-koi-se-omilenite-predmeti-na-kradcite-04.jpg

Лекарства со рецепт

Во последно време лекарствата што се издаваат со рецеп стануваат сè повредни. Доколку не ги крадат за лична употреба, многу лесно можат да ги продадат на улица, а ова пак може да предизвика проблем.

Па, добро сокријте ги лекарствата и ослободете се од оние со поминат рок.

bidete-vnimatelni-koi-se-omilenite-predmeti-na-kradcite-05.jpg

Телевизори и друга електроника

Конзоли за видео игри, телевизори што не се закачени на ѕидот, појачувала, звучници... сето ова се предмети што се лесно преносливи и што можат да се продадат по висока цена.

Имајте на ум дека крадците ретко ќе украдат телевизор што е закачен на ѕидот – ќе им биде потребно повеќе време. Па, осигурете ја вашата електроника што е можно подобро.

bidete-vnimatelni-koi-se-omilenite-predmeti-na-kradcite-06.jpg

Огнено оружје

И огненото оружје е честа мета на крадците. Па, доколку имате какво било оружје во домот, сокријте го внимателно.

bidete-vnimatelni-koi-se-omilenite-predmeti-na-kradcite-07.jpg

Алати

Ова е можеби најмалку очекуваниот предмет на листата. Можеби не мислите дека вашите електрични алати од гаражата ќе привлечат некој крадец, но тие се лесно преносливи и лесно се продаваат на црно. Па, добро зашиете ги и вашите алати.

bidete-vnimatelni-koi-se-omilenite-predmeti-na-kradcite-08.jpg

Лични информации

Понекогаш крадецот во вашиот дом може да биде и личност што ја познавате. Имено, во 65,1% од случаите, крадецот воопшто не бил странец.

Најчесто овие луѓе можат да украдат лични информации од вашиот компјутер, неретко само за да ви наштетат.

bidete-vnimatelni-koi-se-omilenite-predmeti-na-kradcite-09.jpg

Ниту сефот не е безбеден

Сефовите не гарантираат целосна заштита од крадци, особено ако се мали и не се инсталирани во ѕид. Доколку имате мал сеф под кревет, на крадецот нема да му биде проблем да го земе целиот.

Доколку купувате електронски сеф, добро е да знаете дека и тие можат да бидат хакирани. Старомодните сефови, пак, лесно се отвараат со малку повеќе сила.

bidete-vnimatelni-koi-se-omilenite-predmeti-na-kradcite-10.jpg

Метал

Металите како бакарот се вредни и лесно можат да бидат продадени на улица. Во овој случај, најчеста мета се клима уредите, бојлерите, електричните кабли и слично.

За овие предмети, крадците најчесто напаѓаат домови кои се во изградба, но тоа не значи дека ќе запрат овде.

bidete-vnimatelni-koi-se-omilenite-predmeti-na-kradcite-11.jpg

Кујнски апарати

И вашиот блендер може да биде мета на крадците. И овие предмети се доволно мали и лесно се продаваат на црно. Постојат случаи и каде што крадците земале фрижидери и шпорети поради нивните високи цени.

bidete-vnimatelni-koi-se-omilenite-predmeti-na-kradcite-12.jpg

Стара електроника

Можеби не ни помислувате да го вклучите старото ДВД, но тоа е добар „улов“ за крадците. Најчесто тие не трошат време за да побараат одредено нешто, туку собираат сè, па неретко се крадат и стари, дури и расипани електронски уреди.

bidete-vnimatelni-koi-se-omilenite-predmeti-na-kradcite-13.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
8 типично машки работи кои и жените ги користат со задоволство Широки палта со многу џебови, едноставни машки маички... Знаете ли кои предмети ...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
9 работи во домот кои будат носталгија, но сепак е време да ги фрлите Стари тегли во кои вашите баби чувале зимница, весници од пред неколку години, п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg