Што е толку посебно за најскапоцениот метал - платината?
Платината се смета за најскапоцениот и најдобриот метал, но колку е всушност полуксузна од нејзиниот „непријател“ златото?
Платина наспроти злато
Платината е природен хемиски елементи кој е околу 30 пати поредок од златото.
Според Џени Лукер, претседател на Platinum Guild International USA: „Доколку ја соберете целата платина од светот и ја стопите во олимписки базен, таа едвај би стигнала до вашите глуждови. Златото, од друга страна, ќе наполни 3 базени.“
Всушност, платината е најреткиот од сите скапоцени метали. Овој метал е со сребрено-бела боја и сјае, а поради сличноста со белото злато, може да биде тешко да ја препознаете.
Белото злато е всушност жолто злато измешано со други метали, а обложено со родиум за да изгледа побело. Оваа бела маска ќе ја открие жолтата нијанса после некое време. Платината, од друг страна, ќе ја задржи својата природно бела боја.
Платината е и поиздржлива од златото, па поради ова е најчестиот избор за веренички прстени. Овие карактеристики ѝ дале малку повисока цена, но сепак, моменталната разлика во цените на платината и златото е минимална.
Денес цената за килограм платина е всушност пониска од килограм злато. Но, бидејќи накитот од платина е почист и погуст, тој ќе чини малку повеќе од златниот. На 9-ти јули, 2019-та година, цената на платината била 816 долари за 28 грама, додека цената на златото била 1.398 долари за 28 грама.
Како се собира платината?
Најголемиот дел од платината потекнува од рудници во Јужна Африка, но може да се најде и во Зимбабве и Русија. Металот се формира кога минералите еродираат од нивната оригинална положба, а потоа се разнесени со водата.
Потоа рударите во песокот и калта бараат платина, дијаманди или злато. Денес платината најмногу се собира до под земја – рударите ги кршат камењата на мали делчиња и ги транспортираат до површината за дополнителна обработка.
Платината може да се најде и како нуспроизвод од обработката на други метали, како никел и бакар. Најголемиот дел од платината се добива од минерал познат како коперит, или платинум сулфид.
Платината може да се најде дури и во вселената – откриена е во големи количества на метеоритите.
Употреби на платината
Иако силата и убавината на металот го направиле омилен за изработка на накит уште од времето на древните Египќани и Маи, ова не е нејзината единствна примерна. Речиси половина од побарувачката за платина е всушност за каталитички конвертори на возила како автобуси и автомобили.
Платината се користи и како катализатор за производство на хемикалии како силикон и нитрична киселина. Всушност, шесте групи на платинести метали се познати по нивните неверојатни катализаторски сспособности. Односно, овие метали ја зголемуваат хемиската реакција помеѓу супстанците без да ги променат своите физички својства.
Во здравството, платината е дел од некои лекови за хемотерапија, а се користи и за пломбирање заби. Платината често се користи и во електрониката, како на пример во хард дисковите на компјутерите.
Платината е долго ценета и поради нејзината сила. Овој метал издржува високи температури, има стабилни електрични својства и е отпорен на хемиски напади.
Платината била важен стратегиски метал за одбрана во текот на Втората светска војна и во тој период не било дозволено да се изработува накит од неа. Дури и денес платината е важна и се наоѓа на листата на 35-те минерали кои се клучни за националната безбедност и економијата на САД.
Со вакво резиме, изгледа дека репутацијата и цената на платината се целосно заслужени.
Спирова С. | Црнбело