Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кога љубовта кон себе прераснува во болест - дали ви е преку глава од нарцисоидни луѓе?

Добро е да се сакате себеси и да имате самодоверба. Но, не и кога истата преминува во болна опсесија.

Koga-ljubovta-kon-sebe-prerasnuva-vo-bolest-01.jpg

Нарцисоидноста всушност е нездрава љубов кон себеси, поточно кон идеализираната верзија за себе – онака како што посакуваме другите да нè гледаат и доживуваат, додека вешто ја криеме својата вистинска природа.

Ова е 5 лоши карактерни особини по кои ќе го препознаете нарцисот, a најдобро e да се држите што подалеку од него:

Начинот на кој зборува за себе

Јас, јас и само ЈАС! Нарцисот најмногу сака да зборува за себеси, а најмалку се интересира за тоа што им се случува на другите.

Често пати ве прекинува во зборувањето, сака да доминира во разговорот, убедливо најгласен од сите и секогаш ги коригира останатите во сите изјави со ставот: Јас знам многу подобро од тебе.

Ги крши сите правила и ветувања

Нарцисот е убеден дека за него на важат истите правила како за другите луѓе, дека тој е уникатен, специјален и дека секогаш може да се извлече од лошата ситуација.

Воедно, кога ќе земе пари, книга или што било друго на заем од некој друг, не чувствува потреба да ги врати работите, бидејќи смета дека со целосно право тие му припаѓаат нему.

Се стреми да создаде лажна слика за себе

На нарцисот му е најбитно да поверувате дека го живее најдобриот живот од сите аспекти – во поглед на кариерата, финансиите, па дури и љубовта.

Тој се стреми да создаде слика на еден совршен живот за којшто вие може само да сонувате. Пораката е секогаш иста: „Јас сум подобар од тебе и сум исклучителен човек“.

Светот се врти околу него

Тој смета дека заслужува почит, внимание и пофалби па дури и љубов. Проблемот е во тоа што ниту една од овие работи не му следуваат, бидејќи не мрднал со малиот прст за да ги заслужи.

Умее да биде шармантен

Кога нарцисот сака некој или нешто, тој сепак малку ќе се потруди, употребувајќи слаткоречиви зборови и шеги. Умее да биде навистина шармантен и да го придобие она што го сака.

Сепак, по кратко време работите и луѓе му здосадуваат, ги фрла и заборава како воопшто и да не постоеле.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg