Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Корисниците на Редит ги споделуваат своите највалкани тајни

Секој си има по некоја мала одвратна навика што сака да ја сокрие од другите. Но благодарение на анонимноста од интернетот, денес можете да ги дознаете и тајните на другите. 

korisnicite-na-redit-gi-spodeluvaat-nivnite-valkani-mali-tajni-01.jpg

Еден корисник на Редит го поставил прашањето „Која е вашата валкана мала тајна?“ и поттикнал многу луѓе да откријат нешто за себе што никој друг не го знае.

Од чудни навики до навистина незгодни ситуации, одговорите на овие луѓе можеби ќе направат да се чувствувате подобро во врска со вашата валкана мала тајна.

„Мојот цимер остава урина на шолјата кога оди во тоалет, па јас ја бришам со неговата крпа за лице и ја враќам назад.“

„Направив вазектомија на 22 години. Ја препорачувам на сите.“

„Сите мислат дека го запознав партнерот на многу романтичен начин. Но, ние се сретнавме во јавната куќа каде што работев, а тој ми беше клиент.“

korisnicite-na-redit-gi-spodeluvaat-nivnite-valkani-mali-tajni-02.jpg

„Неколку пати во животот ми се истроши тоалетната во незгоден момент, па го користев картонот за да се избришам.“

„Шишето водка што моите родители го немаат отворено е надополнето со вода. Го надополнував уште откако имав 15 или 16 години. Сега сум 23 и шишето уште стои на истото место.“

„Украдов документи од професорската канцеларија за да не ги избркаат моите пријатели од училиште. Бев вистинско милениче на наставниците, а токму ова ме натера да бидам таков.“

korisnicite-na-redit-gi-spodeluvaat-nivnite-valkani-mali-tajni-03.jpg

„Не се возбудувам сексуално кога има некој друг. Насамо не ми е проблем, но кога има некој ништо не се случува. Па, јас сум единствената личност во мојата група пријатели што немала секс.“

„Сè уште имам измислен пријател и си замислувам разни сценарија со него кога сум депресивен.“

„Секогаш кога ни доаѓа некој на гости, проверувам што има во неговите џебови и чанта за да видам дали е со добри или лоши намери.“

korisnicite-na-redit-gi-spodeluvaat-nivnite-valkani-mali-tajni-04.jpg

„Си го чепкам носот... многу. Одлично е. Сакам да ми биде чист.“

„Најголемиот дел од времето не знам што правам, само го следам мојот инстинкт. Досега успешно сум се справил со сè за коешто сум изјавил дека сум експерт.“

„Мразам колку сум дебел и постојано кажувам шеги на моја сметка за да го сокријам гадењето што го чувствувам кон себе.“

„Сакам да одам на улица и да разговарам со проститутките бидејќи имаат интересни приказни за раскажување. Не спијам со нив, само сакам да разговарам.“

„Однадвор мојот живот изгледа одлично и повеќето пријатели и семејство мислат дека ми оди добро. Во тајност, постојано сум депресивен и мразам сè во врска со мојот живот. Жал ми е што не преземам ризици или што не сум направил што било кога бев помлад.“

korisnicite-na-redit-gi-spodeluvaat-nivnite-valkani-mali-tajni-05.jpg

„Ми се допаѓа еден од колегите кој наскоро ќе се венча.“

„Го валкам подот само затоа што ова ја излудува мојата маќеа.“

„Ако некогаш го напуштам сопругот, тоа ќе биде бидејќи сум се вљубила во жена.“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg