Луѓе споделуваат кои мали животни промени драстично им го подобриле менталното здравје
„Почнав да кажувам 'Не' кога не сакам да направам нешто, наместо да се обидувам да им помогнам на сите“.
Проблемите со менталното здравје, како депресија и анксиозност, стануваат многу честа појава.
Доколку се соочувате со ваков проблем, препорачливо е да се консултирате со професионалец кој ќе ви помогне да го надминете.
Но истовремено, имате обврска и да почнете да водите подобра грижа за себе и да се ослободите од лошите навики за кои сте свесни дека ви ја влошуваат состојбата.
Всушност, некогаш треба да направите само некоја мала животна промена за да забележите некакво подобрување.
На Редит, неколку корисници споделуваат кои мали промени драстично им го подобриле менталното здравје.
Дел од нивните совети во продолжение:
„Престанав да ги читам негативните вести. Сфатив дека не можам да направам голема промена во светот и дека само се разочарував. Многу работи во светот не се како што треба и нема да се променат поради мене“.
„Почнав да поставувам граници во односот со другите и да живеам сам. Исто така – животни! Моето куче е мој спасител“.
„Почнав да кажувам 'Не' кога не сакам да направам нешто, наместо да се обидувам да им помогнам на сите“.
„Сфатив дека е во ред да отстранам некои луѓе од мојот живот“.
„Вдомив мачка, почнав да земам витамини секое утро, искрена сум во врска со моите чувства и поставив граници во односот со другите“.
„Одвојувам 10 минути, најчесто пред да си легнам, за малку да средам низ домот. Секоаш сум изненаден колку многу можам да средам за само десет минути, а на овој начин ми е многу полесно да ја одржувам хигената во домот. Кога се чувствувам лошо, тоа што домот ми е среден е од голема помош“.
„Поретко користам социјални мрежи и наместо тоа, читам книги. Се чувствувам многу подобро“.
„Почнав да вежбам“.