Луѓе споделуваат кои мали животни промени драстично им го подобриле менталното здравје

„Ова е навистина мало, но ми помага - секое утро гласно кажувам ’Колку е убав денот денес‘. Изгледа безначајно, но ми ја менува перспективата“.

„Престанав да се расправам со странци на интернет. Повеќе не се грижам за негативните коментари што ги читам онлајн“.

lugje-spodeluvaat-koi-mali-zhivotni-promeni-drastichno-im-go-podobrile-mentalnoto-zdravje-06.jpg

„Си најдов нови хобија – сурфање, ловење риба, трчање… Ми даваат можност да се фокусирам на нешто друго наместо на депресивните мисли“.

„Почнав да им помагам на луѓето за ситници. Се чувствувам многу подобро во врска со себе откако ќе ми се заблагодарат, а тоа ме тера да бидам уште подобра личност кон сите“.

lugje-spodeluvaat-koi-mali-zhivotni-promeni-drastichno-im-go-podobrile-mentalnoto-zdravje-07.jpg

„Почнав да земам суплементи со витамини Б и Д, но и да спијам повеќе. Сега полесно ги контролирам негативните мисли“.

„Научив како функционираат моите ментални болести (анксиозност и депресија) и научив да ги забележувам симптомите. Потоа научив да се справувам со симптомите. Одев на терапија и сега пијам антидепресиви“.

lugje-spodeluvaat-koi-mali-zhivotni-promeni-drastichno-im-go-podobrile-mentalnoto-zdravje-008.jpg

„Престанав да си кажувам лоши работи за себе. На пример, наместо да си речам ’Леле кажав нешто глупаво, сега мислат дека сум идиот‘, си велам ’Во ред е, имаше мало недоразбирање, ништо страшно‘. Со ова ги спречувам негативните мисли“.

„Престанав да им се лутам на луѓето. Ако ми згрешиле, им простувам и се чувствувам многу порелаксирано“.

lugje-spodeluvaat-koi-mali-zhivotni-promeni-drastichno-im-go-podobrile-mentalnoto-zdravje-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...
Ситници во домот за кои гостите нема да ви преречат, но сигурно ги забележуваат Валкан под во кујната и мали дефекти низ домот – за кои ситници гостите можеби н...
5 знаци дека самите сте виновни што сте несреќни во животот Дали ја запоставувате грижата за себе? А, дали имате навика опсесивно да „скрола...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg