Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Хрватска инфлуенсерка побарала бесплатен оброк, од ресторанот ѝ покажале каде ѝ е местото

Поради некоја причина, инфлуенсерите се убедени дека заслужуваат бесплатни оброци во рестораните, а и бесрамно го бараат тоа. Но, некои ресторани без двоумење ги одбиваат, и тоа на најсмешен начин.

toa-mozhe-da-go-pobara-samo-madona-influenserka-pobarala-besplaten-obrok-restoranot-kazhal-kade-e-mestoto-01.jpg

Слична ситуација имаше и со хрватската инфлуенсерка Дорис Станковиќ, која има над 75.000 Instagram следбеници. Имено, девојката побарала соработка, односно бесплатен оброк од ресторан во Хрватска.

toa-mozhe-da-go-pobara-samo-madona-influenserka-pobarala-besplaten-obrok-restoranot-kazhal-kade-e-mestoto-02.jpg

На нејзиниот TikTok профил таа дури и објаснува како сакала да го рекламирала ресторанот на нејзиниот профил – нешто што било вообичаено за инфлуенсерите. Но, изгледа девојката се преценила, па од ресторанот ѝ рекле дека:

„Тоа може да го бара Мадона или Серена Вилијамс“.

Девојката, нормално, се навредила и им рекла дека се непрофесионални.

Од ресторанот, пак, ѝ понудиле да плати за нејзиниот оброк, а парите да ги дадат во добротворни цели. Инфлуенсерката, нормално, го одбила ова.

Протече и „скриншот“ кој е од разговорот помеѓу девојката и ресторанот:

„Вашата понуда е, во најмала рака, смешна, тоа можат да го бараат и да го добијат Мадона, Серена Вилијамс, Вил Смит … Вие можете да дојдете и да јадете кај нас, ќе ја платите услугата, а ние можеме, во договор со вас, износот од вашата сметка да го уплатиме во хуманитарна организација, па објавете го тоа на вашиот профил. За вас, од нашите вработени и гости, не чул никој“.

toa-mozhe-da-go-pobara-samo-madona-influenserka-pobarala-besplaten-obrok-restoranot-kazhal-kade-e-mestoto-03.jpg

На крај, од ресторанот ја нарекле Дорис „гуска“, а таа, пак, ја искористи приликата да каже дека ресторанот е лош.

„Сите кои ги прочитавме вашите пораки заклучивме дека вие сте обична гуска“, ѝ напишале од ресторанот на младата инфлуенсерка.

Твитерџиите од Хрватска се шокирани од ова однесување на девојката, а многумина се понудиле бесплатно да го рекламираат ресторанот бидејќи одбиле да ѝ ја исполнат желбата на инфлуенсерката.

Погледнете и: Како грчки ресторан ги „спушта на земја“ инфлуенсерите кои сакаат да јадат бесплатно?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
„Маж плати за да не ѝ кажеме на сопругата дека ја изневерува“ – Келнери сведочат за најчудните роман... Маж што им плаќа на келнерите за да не го издадат дека бил со проститутка, момче...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg