Три велигденски трендови кои ќе доминираат на трпезите оваа година (фото)
Најубавиот христијански празник е пред нас. Исусовото воскреснување – Велигден годинава го прославуваме од дома, на 19 април со богата трпеза, велигденски јајца и пијалаци.
Што се однесува до декорацијата, овој Велигден ќе доминираат 3 едноставни трендови кои лесно можете да ги инкорпорирате во домот:
Црно-бел тренд
Монохроматски декорации, црно-бели јајца, маса со едноставни бели или црни чинии и инвентивни украси.
Природни елементи
Задолжително вклучете зеленило, природна гранка, многу цвеќиња, изртенa трева или пак сено, многу свеќи и јајца вапсани во живи бои.
Нежни, пастелни тонови
Доколку црно-белиот тренд не е за вас и барате нешто повесело и понежно, тука се пастелните тонови со кои ќе ги разубавите домот и трпезата.
(О)Милена | Црнобело