Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Тренд кај скијачите – што е „Après-Ski“, што треба да носите, а што не смее да правите?

Моментот кога завршувате со скијање и се собирате со пријателите во бачило или бар на пијалак и јадење, уште облечени во ски опрема и со ски кондури ја претставува скијачката култура на „Après-Ski“ или во превод „по скијање“. Вашите испотени стапала не се пожелни во барови, но што друго треба да знаете за овој израз и активност?

trend-kaj-skijachite-shto-e-apres-ski-shto-treba-da-nosite-a-shto-ne-smee-da-pravite-01.jpg

Оние кои се скијачи (или бордери), добро ја знаат скијачката култура, која без обврски налага да се седне во некое бачило или бар и да се наздрави со пијалак по скијачкиот ден.

Кога сте со поголемо друштво, сосема е нормално да се одвоите и секој да скија на стази кои се погодени за секого зависно способностите, но во одредено време, сите се наоѓате на пијалак и добра храна каде си споделувате импресии и уживате.

trend-kaj-skijachite-shto-e-apres-ski-shto-treba-da-nosite-a-shto-ne-smee-da-pravite-04.jpg

Токму на тоа се однесува „Après-Ski“, изразот кој сигурно го гледате на Инстаграм.

Терминот „Après-Ski“ не е нов и трендот постои долго време, но на социјалните мрежи во последниве години многу почесто се сретнува, иако на многумина можеби не им е баш најјасно што значи.

Што е „Après-Ski“?

„Après-Ski“ е француски термин што значи „по скијање“, па слично како терминот „after work“ кој претставува забава по работа, ова се однесува на забавата, дружењето и социјалните активности по напорното скијање.

Фразата се прославила на Алпите во периодот на 1950-тите години, кога комерцијалното скијање станувало популарно, а денес изразот се користи за активности по скијањето и е исто толку важно за скијачката култура колку и самото скијање.

trend-kaj-skijachite-shto-e-apres-ski-shto-treba-da-nosite-a-shto-ne-smee-da-pravite-05.jpg

Тоа може да се однесува на наздравување со шампањ на терасите среде стазите во француските ски центри, или пиење греано вино покрај камин во бачило, но и луда забава на отворено со диџеј и танчари, зависно од дестинацијата која сте ја одбрале.

Дали има дрес-код?

Доброто е што за овој „настан“ не треба да се грижите за облеката, ниту пак да одите до сместувањето за да се пресоблечете.

Веднаш штом ќе решите дека сте завршиле со скијање за дента, упатете се кон омиленото бачило или локал, со целосната ски опрема.

На главата ставете трака или потенко капче за да ја покриете несовршената фризура од кацигата, а доколку е сончево, очилата за скијање заменете ги со лајфстајл очила за сонце.

Гостите во локалите доаѓаат во секакви изданија – од обични скијачки одела, до модерни и стилски ски аутфити како да се излезени од модна писта, па зависно вашиот стил – изборот е ваш и никој нема да ви замери.

Најчесто женската популација, повеќе се грижи околу изгледот, па последен тренд се растегливите едноделни одела, наместо дводелни широки комплети, а изгледот го надополнуваат со шик модни додатоци.

trend-kaj-skijachite-shto-e-apres-ski-shto-treba-da-nosite-a-shto-ne-smee-da-pravite-02.jpg

Но, на некои од најелитните места, може да се забележат и мажи кои бираат зимски крзнени џемпери или пак блузи со патент до половина од мек материјал, со кои изгледаат идеално и за скијање и за забава.

trend-kaj-skijachite-shto-e-apres-ski-shto-treba-da-nosite-a-shto-ne-smee-da-pravite-03.jpg

Што треба, а што не треба да правите?

Иако нема некои строги упатства, сепак треба да се придржувате до некои општо прифатени правила:

  • Скиите не треба да ги носите внатре во локалот, ниту да ги потпирате на масата каде што седите, туку на држачите наменети за сите скии пред локалот
  • Иако атмосферата е опуштена, вашите испотени стапала не се добредојдени во баровите, независно што едвај чекате да ги соблечете скијачките кондури (носете си заменски чизми ако сакате или пресоблечете се)
  • Бидете умерени со алкохолот – посебно доколку потоа продолжувате со скијање до сместувањето или ако возите, но и за да нема несакани ситуации во локалот 
  • Уживајте во добра атмосфера

trend-kaj-skijachite-shto-e-apres-ski-shto-treba-da-nosite-a-shto-ne-smee-da-pravite-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
6 лаги што си ги кажувате сами, а ве кочат во животот „Сите се подобри и поуспешни од мене и никогаш нема да ги стигнам“. Која лага си...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
13 работи кои ги правите на доктор, а не треба (не се според бон-тон) Не го откажувате терминот на „Мој термин“, прашувате за здравјето на други пацие...
Идеи што да правите кога надвор врне (за да не ги поминете деновите во досадување) Направете си домашен пикник со ќебиња и вкусна храна со партнерот или пријателит...
7 прашања со кои ќе откриете дали имате некоја токсична карактеристика Дали ги лажете другите за да добиете нешто што сакате? А, дали им љубоморите на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg