Изненадувачки сличности кои ги имаме со праисториските луѓе
Најмистериозната ера е праисториското време. Сите работи кои се случувале не биле запишани, бидејќи сé уште не било измислено истото.
За среќа преку научна упорност и напредок во археологијата денес сме во состојба да добиеме подобра слика за животот на праисториските луѓе. Тие имале колоритни и интересни животи, но исто така, нивниот живот бил изненадувачки сличен на нашиот.
Ова се најфасцинантните сличности кои ги делевме со праисториските луѓе:
Операција на мозок
Постојат докази кои укажуваат на тоа дека нашите праисториски предци вршеле операции на мозок за лекување на главоболка, а повеќето наоди укажуваат на тоа дека истите биле често успешни. Археолозите тврдат дека овие операции се правеле во 8000 година п.н.е.
Секс играчки
Очигледно е дека концептот на сексот постои уште од почетокот на човештвото, но дека секс играчките се користеле и во ерата на Палеолит? Полирано и издолжено парче на камен е пронајдено во една пештера во Германија. “Играчката“ е долга 20 сантиметри, широка 3 сантиметри. Настрана од сексуалните цели, овој објект се користел и за други цели, како разделување на кремени.
Дрога
Како и многу луѓе денес праисториските луѓе, исто така, уживале во рекреативни дроги. На карипскиот остров Carriacou се откривени керамички садови и цевки кои се користеле за вдишување на халуциногени гасови и прав. Археолозите сметаат дека праисториските луѓе користеле дрога за да постигнат состојба слична на транс за духовни цели.
Пиво и забави
Нашата љубов кон пивото е феномен. Истражувачите сугерираат дека на праисториските забави исто така се служело пиво. Научниците веруваат дека праисторискиското пиво играло важна улога во зајакнувањето на врските помеѓу древните заедници.
Исхрана
Луѓето се сештојади, а најпопуларниот мит за праисториските луѓе е дека тие биле диви месојади. Антрополог Глин Л. Исак ја истражувал праисториската исхрана и открил дека луѓето имале урамнотежена исхрана со месо и зеленчук, многу слична на денешната.
Рак
Ракот е модерна болест, предизвикана од нечист воздух, зрачење, стрес...нели? Најпознатиот археолог во светот Луис Лики, открил многу работи кои можат да ја револуционизираат науката за археологијата. Едно од овие откритија е Homo Kanamensis, откриен во Кенија. Лики забележал дека тој има една необична грутка на вилицата. Вилицата е прегледана од специјалист кој открил дека грутка била тумор. Homo Kanamensis имал рак на коските.
М. А. | Црнобело