16 совети од Фројд кои ќе ви помогнат да се справите со анксиозноста

Коренот на анксиозноста според Фројд лежи во детството. Ви пренесуваме дел од советите на познатиот австриски психијатар, кои ќе ви помогнат подобро да се разберете себеси. 

soveti-od-frojd-za-spravuvanje-so-anksioznosta-kako-da-se-oslobodite-od-napnatosta-i-voznemirenosta-01.jpg

Секој од нас во одредени ситуации во животот почувствувал вознемиреност, но доколку анксиозноста е зачестена и поврзана со панични напади, тогаш важно е да се обрне внимание на оваа состојба и да се консултира психолог или психотерапевт.

Познатиот австриски невролог и основач на психоаналитичката школа за психологија, Зигмунд Фројд, има дадено неколку совети, односно правила кои помагаат да се елиминира анксиозноста и подобро да се разбере.

soveti-od-frojd-za-spravuvanje-so-anksioznosta-kako-da-se-oslobodite-od-napnatosta-i-voznemirenosta-03.jpg

Во продолжение ви пренесуваме дел од неговите совети:

1. Во детството понекогаш човек доживува лоши моменти кои оставаат трага врз целиот негов живот. За да си помогнете, треба почесто да се потсетувате на детството.

2. Не се споредувајте со другите луѓе. Споредувајте се само со она што сте биле во минатото и настојувајте да бидете подобри отколку што сте денес.

3. Пред сѐ, мотивација црпете од себе, а не од другите.

4. Загрижените личности носат и лоши одлуки.  За среќен живот, треба помалку да се грижите или да се држите под контрола, помалку да се потпирате на вашите емоции и чувства и повеќе размислувате со својата глава.

5. Кога сте во врска, заедно со партнерот решавајте ги проблемите, без сожалување, во спротивно чувствата нема да бидат исти и врската може да се распадне.

soveti-od-frojd-za-spravuvanje-so-anksioznosta-kako-da-se-oslobodite-od-napnatosta-i-voznemirenosta-04_copy.jpg

6. Потиснатите емоции не исчезнуваат. Остануваат кај човекот и имаат огромно влијание врз него.

7. Не постојат случајности и несреќи. Апсолутно сѐ се случува со причина. 

8. Среќата настанува кога човек ќе го добие она по што копнеел.

9. Дете кое било многу сакано од својата мајка во детството, ќе порасне во човек со висока самопочит, самодоверба и со сигурност ќе доживее успех. Благодарение на оваа љубов, тоа ќе порасне во победник, во успешна и барана личност.

10. Депресијата произлегува од постојан страв од нешто и неможност да се ослободите од него.

soveti-od-frojd-za-spravuvanje-so-anksioznosta-kako-da-se-oslobodite-od-napnatosta-i-voznemirenosta-05.jpg

11. Соништата не се случуваат сами од себе. Секој добар сон има значење.

12.  Доколку една личност верува дека постојат многу луѓе кои го сакаат, тоа влијае врз неговата самодоверба и желба да постигне нешто и, на крајот, сето тоа може да го доведе до голем успех.

13. Најважно во животот е да бидете искрени со себе.

14. Понекогаш среќа е остварување на соништата кои не биле исполнети во детството.

15. Лошо е постојано да си фантазирате. Човекот најчесто фантазира кога не е задоволен од својот живот и не може или не сака да промени нешто за животот да му се подобри. 

16. Лесно е да се направи разлика помеѓу слаба и силна личност. Силниот бара разни начини за да ја постигне целта, не живее во илузии и фантазии, додека слабиот, напротив, се плаши да донесе важни одлуки. Докажано е дека слабите луѓе почесто се разболуваат, бидејќи фантазиите се претвораат во болести.

soveti-od-frojd-za-spravuvanje-so-anksioznosta-kako-da-se-oslobodite-od-napnatosta-i-voznemirenosta-06.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: pexels.com

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg