Драстична промена по естетска операција - Турчин се трансформираше во Џорџ Клуни
Фотографиите од Турчинот Насер пред и по пластичната операција делуваат нереално. Според коментарите на социјалните мрежи, тој сега личи на Џорџ Клуни. Што сѐ морал да коригира на лицето за да ја постигне неверојатната трансформација?
Изминативе години естетската хирургија е попопуларна од било кога.
Жените со месеци чекат термини кај естетските хирурзи за да корегираат нешто на своето лице.
Меѓутоа, ни мажите не заостануваат.
На социјалните мрежи може да се видат многу фотографии од мажи кои промениле нешто на себеси.
фото: Freepik
Позната клиника во Истанбул, која доби на популарност поради неверојатните трансформации, објави фотографии од Турчин и неговата промена после естетска операција.
Годините оставиле видливи траги кај овој човек по име Насер.
На лицето се забележуваат длабоки брчки, опуштена кожа, а долната третина од лицето му е многу поголема.
Трансформацијата која ја доживеал ги изненади луѓето, а многумина искоментираа дека Насер неверојатно многу наликува на холивудскиот актер Џорџ Клуни.
фото: Инстаграм
„Новиот изглед на Насер е производ на комбинирана операција на лицето со подобрени техники за постигнување параметри на златен пресек.
Процедурите опфаќаа затегнување на кожата на лицето, вратот, образите, како и ринопластика, како што професионално се нарекува пластичната хирургија на носот, и операција на очните капаци за подмладување на пределот под очите“, стои во описот на фотографиите на Инстаграм.
Неговиот нов изглед наиде на целосно воодушевување од јавноста.
Луѓето оставаат само позитивни коментари под неговите фотографии.
Погледнете повеќе фотографии од Турчинот во продолжение:
С. Ш. | Црнобело