7 знаци дека не сте подготвени за пристигнувањето на есента
Повеќето луѓе не можат да се соочат со фактот дека летото си заминува, а на врата чека есента. Токму затоа, некои ги практикуваат малите навики кои ги стекнале во текот на летото и не се откажуваат од нив.
Дали и вие сте дел од нив?
Еве неколку знаци дека не сте подготвени за пристигнувањето на есента:
1. Се уште купувате храна која го има вкусот на летото
Ова посебно важи за сладоледот. Зошто да не уживате уште малку во овошните вкусови?
2. Вашиот дом има летни декорации
Градината или балконот се обоени во боите на летото. Немате портокалови нијанси или есенски инспирирани букети, туку преовладува тиркизната за да ве потсетува на морето во кое уживавте ова лето.
3. Јадете и готвите летни оброци
Додека некои од вашите пријатели започнале со супите и топлите оброци, вие се уште се држите до свежите салати и морската храна.
4. Не сакате да одите по трговските центри
Продавниците започнаа со продажба на џемпери и потопла облека, но вас не ви треба топла облека, туку кратки пантaлони.
5. Носите кратки пантaлони дури и во ладните денови
Некако не сакате да се откажете од летната облека и кога излегувате навечер, сфаќате дека требало да се облечете во нешто потопло.
6. Се чувствувате старо
Поминувате покрај некое основно или средно училиште и сфаќате дека ви недостига тоа време. Есента е тука да ве потсети дека ви недостасува младоста, бидејќи ги гледате учениците како тргнуваат на училиште.
7. Не верувате дека сезоната се променила се додека не дојде официјалниот датум
Се додека не пристигне 23-ти за вас ќе биде лето.