Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи

Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат нозе, во Италија се седнува во ресторан само во точно определено време... Кои се најчестите грешки кои ги правиме, а поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сме туристи?

najchesti-greshki-vo-razlichni-zemji-poradi-koi-lokalcite-vednash-kje-sfatat-deka-ste-turisti-01.jpg

Секоја земја има свои традиции, обичаи, секојдневни навики на жителите. Кога патуваме, без да сме свесни, често кршиме некои од правилата, а токму тоа е она по што локалците веднаш ќе сфатат дека сме туристи.

Кои се правилата во различни земји кои туристите не ги знаат и ги кршат најчесто?

Франција: Сами земете си го кафето, почнете да јадете и пред да стигне храната за сите

Во Париз постојат кафулиња во кои гостите сами си го земаат кафето од шанк за да го однесат до масата кај што седат.

Ако го земете сами, наместо да ве послужи келнер, кафето е поевтино.

Во рестораните во Франција луѓето не чекаат келнерот да ја донесе храната за сите, туку штом им стигне порачката, најавуваат дека ќе почнат да јадат така што ќе кажат Bon appetit.

Но, ако порачаат пијалак во шише(нце), не ставаат во својата чаша пред да им понудат на другите.

najchesti-greshki-vo-razlichni-zemji-poradi-koi-lokalcite-vednash-kje-sfatat-deka-ste-turisti-10.jpg

Чиле: Не треба да јадете со раце

Во оваа земја се важни манирите на маса, па јадењето со раце е недозволиво.

Луѓето тука дури и хамбургерите и помфритот ги јадат со нож и виљушка.

najchesti-greshki-vo-razlichni-zemji-poradi-koi-lokalcite-vednash-kje-sfatat-deka-ste-turisti-01_copy.jpg

Австралија: Не нарачувајте кафе со замена за млеко, пешачете од левата страна на улицата

Австралијците ја сфаќаат сериозно културата на пиење кафе, па најчесто пијат црно кафе, капучино или лате.

За нив е „грев“ ако во кафето ставите нешто друго освен млеко – чоколадни преливи, ликери со вкусови, шлаг, цимет, ванила...

А, бидејќи во Австралија се вози од левата страна, и пешаците треба да се движат од левата страна, а не од десната (како во најголемиот дел од светот).

najchesti-greshki-vo-razlichni-zemji-poradi-koi-lokalcite-vednash-kje-sfatat-deka-ste-turisti-08.jpg

Тајланд: Не седете на скали, не ги фалете децата

Во минатото постоело верување дека луѓето кои ќе седнат на скали го блокираат патот на добрата среќа, па затоа во Тајланд тоа се избегнува и денес.

Но, тука е погрешно и да им дадете комплименти на децата и да ги пофалите, бидејќи на тој начин може да ги „урочите“ па нешто лошо да им се случи.

najchesti-greshki-vo-razlichni-zemji-poradi-koi-lokalcite-vednash-kje-sfatat-deka-ste-turisti-04.jpg

Мексико: Важно е да бидете точни

Мексиканците се опседнати со времето и не сакаат кога луѓето доцнат.

Тие се секогаш навреме (или малку пред договореното). А, ако доцните на средбата, приватна или деловна, тие веднаш ќе сфатат дека не сте локалец.

najchesti-greshki-vo-razlichni-zemji-poradi-koi-lokalcite-vednash-kje-sfatat-deka-ste-turisti-02.jpg

Гренланд: Не носат шорцови, не ги галат кучињата кои влечат санки

Температурите на Гренланд се ниски, па дури и на лето не е многу топло.

Токму затоа локалците никогаш не носат шорцови. Кратки панталони носат само туристите кои доаѓаат во посета на земјата.

najchesti-greshki-vo-razlichni-zemji-poradi-koi-lokalcite-vednash-kje-sfatat-deka-ste-turisti-14.jpg

Кучињата кои влечат санки не се одгледуваат како домашни миленици.

Па, освен ако не добиете дозвола од газдите, не ги галете, колку и да ви се убави.

najchesti-greshki-vo-razlichni-zemji-poradi-koi-lokalcite-vednash-kje-sfatat-deka-ste-turisti-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg