Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи
Турција : Мажите не носат шорцови, жените не ги прекрстуваат нозете
Мажите кои се родени во Турција никогаш не носат кратки панталони, поради традицијата и конзервативните гледишта во земјата.
Тие не облекуваат шорцови дури ни кога е многу жешко.
Жените, пак, не ги прекрстуваат нозете.
Се смета дека ова е некултурно, посебно ако жената прекрсти нозе пред некој постар.
Италија: Во ресторани се оди во точно одредено време
Рестораните во северниот дел на Италија се отвораат само за ручек (од 12 до 14:30), а потоа повторно за вечера (од 19 до 23 часот).
Во меѓувреме, локалците купуваат сендвичи, печива или пица од ресторани за брза храна или барови, или јадат сладолед.
Ако видите гости во ресторан надвор од овие термини – тоа се туристи.
Шведска: Не носете никаква храна кога одите на гости
Швеѓаните се познати по тоа што не сакаат никој да им внесе никаква храна во домот кога ќе поканат гости.
Иако во некои земји е културно да однесете десерт или нешто за грицкање, Швеѓаните тоа го сметаат за исмевање.
Португалија: Не покажувајте со прст
Португалците не покажуваат со прст ни кон луѓе, ни кон предмети – за нив ова е најнекултурниот гест што можете да го направите.
Покажувањето со прст е прифатливо само ако покажувате кон нешто конкретно во продавница.
Јапонија: Не јадете на улица
Во Јапонија никогаш нема да видите локалец да јаде на улица.
Ако некој јаде на отворено, во метро или додека се шета – тогаш дефинитивно станува збор за турист.
Грција: Не одбивајте покана за на гости
Ако запознаете некого во Грција, постои голема веројатност тие да ве поканат на гости кај нив дома.
Не ја одбивајте поканата, тоа се смета за непочитување.
А. Ј. | Црнобело