Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Сакам да не те сонувам

Секоја приказна бара свои зборови...  Јас се обидувам да пронајдам зборови за мојата приказна. Каде ли се кога најмногу ти требаат? 

sakam-da-ne-te-sonuvam-01.jpg

Останаа многу неискажани работи...  Се уште те чувствувам близок, но нешто ми вели дека повторно нема да се сретнеме.  Затоа, морам да ја напишам мојата приказна пред тишината да ме проголта, пред да те заклучам во срцето...  И зошто само вака можам да зборувам со тебе; ти не можеш да ги видиш моите мисли, а јас не морам да го трпам твојот продорен поглед од кој занемувам...  Двајцата знаевме дека љубовта е таму каде што најмногу се плашиш да отидеш. Ниту еден од нас не се осмели да ѕирне во сопственото срце.  

А, знам колку нашите души копнееја една за друга.  Со сон во очи и мирис на училишни клупи низ спомени не водеа годините; твојата љубов никако да се предаде пред моето молчење...  Останаа само погледите да им ја раскажуваат нашата приказна на случајните минувачи во мојот и во твојот живот.

Сега немам ништо да кријам освен себеси. Тешко ми е да спијам, бидејќи дење бегам од спомени, вдишувам туѓи мириси кои ветрот случајно ми ги принесува, а потем в сон се обидувам да откријам кој од нив е твој, се згрчувам во фетусна положба силно стегајќи ги очите - но твојата слика станува појасна, се будам, иако одбивам да се соочам со реалноста. 

Склопувам дланки и ги принесувам кон усните со молба кон небото да не те сонувам веќе, но левата дланка минува леко со врвовите на прстите по десната присетувајќи се на меките перничиња од твојата дланка... И додека денот ја разбива магијата на ноќта ги бришам насолзените очи со надеж дека ќе те симнам тебе од нив, надеж премногу силна за да поверувам дека еден ден ќе осамне без солзи.

Автор: М.К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
Доби милиони од пејачот, па исчезна: Што се случи со детето кое прво го обвини Мајкл Џексон за силув... Додека беше тинејџер, Џордан Чендлер доби 23 милиони долари од Мајкл Џексон, как...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
Првото дете им почина, се венча со друга жена 6 недели по разводот: Детали за првиот брак на Илон Ма... „Имавме огромна куќа со послуга. Одевме на гала свечености и седевме на најдобри...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg