Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Украина има уште една жива барбика: Запознајте ја Алина Ковалевскаја (фото)

Живата барбика Валерија Лукјанова сега има конкуренција во својот роден град. Алина Ковалевскаја (21) од Одеса неверојатно потсетува најпознатата кукла во светот и понатаму дава сè од себе за тоа да го истакне. Со коса долга 1 метар големи сини очи и витко тело, оваа Украинка брзо собрала голем број фанови.

ukraina-ima-uste-edna-ziva-barbika-zapoznajte-ja-alina-kovalevskaja-01

Алина станала вистинска ѕвезда откако вниманието го привлекла со нејзините видеа на YouTube. Стотина илјади прегледи покажуваат дека младата барбика оди по стапките  на постарата „колешка“ Валерија која се прослави неодамна.

Иако Валерија стана славна поради изгледот, дополнително ја возбуди јавноста со некои контроверзни изјави. Алина, сепак, засега нема чудни изјави и се труди да се пробие само со специфичниот изглед.

Алина има многубројни фанови кои ја следат на руската социјална мрежа „VK“, а често на улица ја запираат и ѝ бараат автограми. Многумина ѝ изјавуваат љубов, а добила и неколку брачни понуди, но таа сè уште ја бара вистинската љубов.

За да го постигне изгледот на барбика, Алина нанесува неколку слоеви шминка, посебно ги шминка очите  за да ѝ изгледаат многу поголеми. Во тоа ѝ помагаат посебни препарати, но  вештачките трпки.

Интересно е дека Алина и Валерија биле добри пријателки на почетокот, но како се зголемувала конкурентноста меѓу нив, така се оддалечувале.

Покрај тоа што се грижи за својот посакуван изглед на барбика, оваа девојка секојдновно учи, бидејќи студира психологија и социјални науки на Универзитетот во Одеса.

Погледнете како изгледа новата украинска жива барбика:

Би можело да ве интересира:

Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
Два пропаднати брака, афера: Бурниот љубовен живот на Стивен Хокинг Стивен Хокинг не дозволил болеста да му претставува пречка во научната работа ни...
6 лаги што си ги кажувате сами, а ве кочат во животот „Сите се подобри и поуспешни од мене и никогаш нема да ги стигнам“. Која лага си...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Најубавите новогодишни честитки што може да ги испратите за 2025 година Да наздравиме за пријателствата што ја прават секоја година поубава. Ви посакува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg