Шолјите и чајниците оваа пролет искористете ги малку поразлично
Неопходна ви е интересна, уникатна и креативна вазна? Сакате оваа пролет да уживате во необични декорации? Побарајте ги своите стари чашки за чај или кафе, заедно со ретро чајникот и искористете ги за таа намена.
Сите сакаме кога во домот имаме многу разновидни цветови и декорации, па затоа вечно трагајте по оригинални и често ефтини решенија.
Шолјите и чајниците се едно од најдобрите решенија, иако може да експериментирате и со секакви стаклени садови кои даваат доза на шармантност и романтичност во домот.
Инспирирајте се од следниве неколку фотографии и искомбинирајте го вашиот омилен цвет со омилената шолја или чајник. Ќе добиете мала, пролетна и неодолива декорација за било кој дел од домот.