„Едвај платив сметки, сега треба и есенски да го украсам домот за да бидам во тренд на Инстаграм?“

Украсувањето на домот за секоја сезона е хит на Инстаграм и поради ова многумина чувствуваат притисок и тие да украсуваат, и тоа не само за Божиќ и Нова година. Но, не треба да заборавиме дека ова не е неопходно и во ред е ако немаме време, желба, можности за тоа.

ne-mora-sekoja-sezona-da-troshite-bogatstvo-na-novi-dekoracii-shto-kje-traat-2-nedeli-iskoristete-gi-starite-01.jpg

Сите сакаме да си го украсиме домот, и тоа не само за Нова година, туку и во пролет, есен…

Проблемот е што обично ги споредуваме нашите декорации со оние на славните личности и богатите инфлуенсерки, па мислиме дека секоја година треба да купуваме нешто ново, нешто што е тренд.

Сепак, факт е дека ретко кој може да си го дозволи и тоа, па треба да сфатиме дека е сосема во ред да украсиме со ланските декорации и годинава не купиме ништо ново.

И, важно е да бидеме свесни дека она што го гледаме на Инстаграм, неретко е реклама со која инфлуенсерките заработуваат.

Мајка од Англија која има три деца вели дека и самата сака да украсува, но сака да ги утеши другите, да не мислат дека не се доволно добри само затоа што не трошат мало богатство за секоја сезонска декорација.

ne-mora-sekoja-sezona-da-troshite-bogatstvo-na-novi-dekoracii-shto-kje-traat-2-nedeli-iskoristete-gi-starite-02.jpg

„Секогаш кога ќе отворам ТикТок или Инстаграм деновиве, бомбардирана сум од објави со портокалови ќебенца, украси за Ноќта на вештерките и слатки перничиња со есенски мотиви, обично од познати личности како Кортни Кардашијан кои се фалат со нивните домови декорирани од професионалци.

Невозможно е да се избега од ова и лесно е да се натерате да потрошите 50 евра за работи што не ви требаат.

Украсите ќе бидат во домот неколку недели, пред да ги фрлите за да направите место за новогодишните декорации.

И, ова е само трошење пари.

ne-mora-sekoja-sezona-da-troshite-bogatstvo-na-novi-dekoracii-shto-kje-traat-2-nedeli-iskoristete-gi-starite-03.jpg

Јас сум зафатена мајка со три деца и имам доволно обврски без да се грижам за тоа влезната врата да ми изгледа како на Инстаграм фотка.

Едвај ги платив сметките за септември и новата облека за децата за училиште.

И, сега сум под притисок да ја украсам куќата.

ne-mora-sekoja-sezona-da-troshite-bogatstvo-na-novi-dekoracii-shto-kje-traat-2-nedeli-iskoristete-gi-starite-04.jpg

Не ме сфаќајте погрешно, и јас некогаш сум посакувала да купам сезонска декорација и не сум сама…

Не заборавајте дека декорациите на познатите се премногу за нас, а и некои инфлуенсерки се платени за да ги рекламираат.

Јас ги поддржувам сите успешни жени, но кога нè тераат да ги копираме, ние обичните родители мислиме дека не сме доволно добри.

Кога јас бев дете, купувавме декорации што траат. Никој не можеше да купува нови работи за секоја прослава.

ne-mora-sekoja-sezona-da-troshite-bogatstvo-na-novi-dekoracii-shto-kje-traat-2-nedeli-iskoristete-gi-starite-05.jpg

Сега мислиме дека треба да купуваме нови работи за секоја Ноќ на вештерките, секој Божиќ, секој Велигден…

И, ова постојано купување не се одразува лошо само на буџетот, туку и на околината.

Што се прави со сите нови работи кога ќе помине сезоната? Ќе ги фрлите.

Не заборавајте дека за празниците, не е важно колку пари ќе потрошите на декорации, туку треба да ви биде забавно со децата.

Сеќавањата ќе им траат многу подолго од декорациите за една употреба.

ne-mora-sekoja-sezona-da-troshite-bogatstvo-na-novi-dekoracii-shto-kje-traat-2-nedeli-iskoristete-gi-starite-06.jpg

Немојте да се плашите да ги игнорирате минливите трендови за декорирање бидејќи додека да купите нешто што е популарно сега, ќе се појави некој нов тренд.

Украсете го домот со работи што веќе ги имате. Ако купувате нешто, нека биде декорација што ќе трае и што ќе можете да ја користите и следната година.

Јас, пак, многу сакам да украсувам со суви лисја и гранчиња кои можете да ги соберете и од надвор.

Можете да направите некоја декорација со децата, а некогаш доволно е само да купите мирислива свеќа“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Прашувам за пријател: Само што се вратив од болница, а сопругот очекува да му готвам и да го служам ... „Првото утро кога се вратив дома, чекаше јас да станам да сварам кафе и да ги на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg