9 работи во домот кои будат носталгија, но сепак е време да ги фрлите

Стари тегли во кои вашите баби чувале зимница, весници од пред неколку години, празни шишенца од парфеми кои веќе и не мирисаат... Кои предмети од домот треба веднаш да ги фрлите?

9-raboti-vo-domot-koi-vi-budat-nostalgija-a-sepak-e-vreme-da-gi-frlite-01.jpg

Домот го отсликува нашиот вкус и карактер, бидејќи е уреден со предмети кои ни се допаѓаат и го прават пријатно место за живеење. Но, доаѓа време кога на полиците веќе нема место за нови украси, а некои предмети што ги чуваме (и само преместуваме од една на друга страна) се толку стари, што местото им е во корпата за отпадоци.

Кои предмети треба да ги фрлите (иако најверојатно не сакате да се ослободите од нив)?

Украси што фаќаат прашина

Керамички, пластични или дрвени фигури кои фаќаат прашина, или ламби кои се палат на батерии и изгледаат симпатично, сепак се застарени и нефункционални.

Ако ви стојат на некоја полица, и не можете да се сетите зошто ви се допаднале и сте ги купиле или кога последен пат сте им избришале прашина, време е да ги фрлите.

9-raboti-vo-domot-koi-vi-budat-nostalgija-a-sepak-e-vreme-da-gi-frlite-10.jpg

Стари чевли

Дали сте и вие од оние луѓе кои купуваат нови чевли, а никогаш не ги фрлаат старите?

Сигурно имате неколку пара кои само фаќаат прашина и знаете дека никогаш веќе нема да ги облечете. Време е да се ослободите од нив.

9-raboti-vo-domot-koi-vi-budat-nostalgija-a-sepak-e-vreme-da-gi-frlite-09.jpg

Сувенири од странство

Не поминува патување во странство без да купите некој сувенир. Или, ќе отидат блиските, па ќе ви донесат нешто.

Иако овие сувенири на почетокот сигурно ви беа весели и шарени, сега не ни забележувате дека ви стојат скриени на некоја полица во домот.

Наместо да собираат прашина, подобро е да се ослободите од нив.

9-raboti-vo-domot-koi-vi-budat-nostalgija-a-sepak-e-vreme-da-gi-frlite-02.jpg

Стара даска за пеглање

Ако дома и понатаму ја чувате даската за пеглање што ја користеле вашите мајки или баби и веќе е оштетена, време е да ја фрлите и да ја замените со нова.

9-raboti-vo-domot-koi-vi-budat-nostalgija-a-sepak-e-vreme-da-gi-frlite-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
Фотки што ќе ве разнежат – Луѓе кои имаат прекрасни соседи „Соседот ми го побара резервниот клуч – ми рече за да го изнесел кучето додека с...
7 работи што треба да ги направите пред да заминете на одмор Кренатите ролетни во кујната и тоалетот оставаат впечаток дека сте дома, па пома...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg