9 работи во домот кои будат носталгија, но сепак е време да ги фрлите
Стари празни тегли
Дали ако погледнете поубаво на полиците во подрумот или во шпајзот ќе најдете барем 5-6 стари тегли во кои на времето се чувала зимница? Време е да ги фрлите.
Стар прибор за јадење
Ни виљушките, лажиците и ножевите не се со неограничен век на траење.
Ако почнале да потемнуваат или ако одамна немате цел комплет, туку имате парчиња од неколку комплети - фрлете ги и купете нови.
Ќеса со куп ќеси
Колку ќеси имате дома кои се полни со други ќеси? Досега сигурно се правливи, валкани, залепени една со друга...
Наместо да ги чувате за во нив да собирате ѓубре, време е да ги фрлите во ѓубре и тоа веднаш.
Празни шишиња од парфеми
Постојат парфеми кои нè потсетуваат на некои луѓе или убави минати времиња.
Па, уште ако парфемите што некогаш ни биле омилени денес не се произведуваат, преку празните шишенца сакаме да се потсетиме на некоја ситуација или некој што ни бил близок, сме го сакале.
Заборавете на ова „хоби“ и фрлете ги сите празни шишенца што ви стојат дома.
Стари весници и списанија
Некој од носталгија, некој од навика, но многу луѓе и денес чуваат стари весници или списанија, кои се печатени и пред неколку децении.
Освен ако во нив не пишува нешто за вас или некој близок, крајно време е да ги фрлите.
А. Ј. | Црнобело