Велигденски јајца

veligdenski-jajca-povekjeУкрасувањето на велигденските јајца е уметност. Ние ќе ви посочиме неколку интересни предлози за цртање и вапсување јајца за Велигден.


Цртање велигденски јајца

Потребно е : јајца, жолчка, тенка четкичка за боење.

veligdenski-jajca-1

Начин на подготовка: Јајцата се варат, се изладуваат и се бришат со крпа да бидат потполно суви. Една свежа жолчка малку се изматува и со неа со четкичка се црта по јајцето. Се остава да се исуши жолчката, па се фарба јајцето во млака боја. Подоцна жолчката се симнува, а шарите остануваат. Оваа метода е многу подобра и попрактична од восочната техника.


Шарени велигденски јајца

Потребно е : 30 јајца, по една кесичка од следните бои за јајца: црвена, виолетова, зелена, жолта и сина. Метална корпа за јајца (од фритеза или метална цедилка)

veligdenski-jajca-2

Начин на подготовка: Тврдо сварените јајца се цедат од водата. Во поширок сад се става малку вода (околу два прста). Потоа во тоа тенџере се става металната корпа во која се редат сварените јајца така што да бидат над водата во тенџерето. Преку јајцата нерамномерно се истураат боите во прав од кесичките, па сто тоа добро се затвора најдобро со две крпи одозгора и се варат јајцата на тивка пареа десетина минути. Ќе добиете неверојатно шарени јајца. Изладените јајца премачкајте ги со зејтин за да добијат сјај.


Мермерни велигденски јајца

Потребно е: јајца, лушпи од кромид и алуминиумска фолија.

veligdenski-jajca-3

Начин на подготовка: Се сечкаат лушпите од кромидот. Се зема едно живо јајце, се витка со исечканите лушпи, па се замотува во фолија. Така завиткабит ејајца се варат во тенџере околу 8 минути. Кога ќе се сварат јајцата , се вадат од водата и се одмотуваат од фолијата и лушпите, па се оставаат да се изладат. Потоа се мачкаат со зејтин. Шарата на јајцата добиена со ваков начин на вапсување е како мермер.

Би можело да ве интересира:

Освежете си го знаењето пред одмор: Грк на Инстаграм споделува едноставни грчки фрази Од имињата на деновите на неделата, до начини како да викнете такси во Грција, п...
„Маж плати за да не ѝ кажеме на сопругата дека ја изневерува“ – Келнери сведочат за најчудните роман... Маж што им плаќа на келнерите за да не го издадат дека бил со проститутка, момче...
Џони Деп бил гостин, организираат погреб на лоши филмови – Што знаеме за „Дрвенград“ во Србија? „Дрвенград“ бил изграден за продукцијата на филмот во режија на Емир Кустурица „...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Crazy Frog, разводот на Џенифер Анистон и Бред Пит: 9 работи што слават 20 години во 2025-та Crazy Frog беше најголем хит, го гледавме Mrs. & Mrs. Smith и ги молевме род...
5 (поранешни) богаташи кои ги изгубиле сите пари и како За помалку од две години, бизнисменот Ејк Батиста изгубил богатство од 35 милија...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg