Освежете си го знаењето пред одмор: Грк на Инстаграм споделува едноставни грчки фрази
Од имињата на деновите во неделата, до начини како да викнете такси во Грција, па и до кратки навредливи зборови и пцости... Сето ова може да се најде на Инстаграм профилот на Димитрис Капсианис.
Димитрис Капсианис има диплома од областа на индустриското инженерство и работи како аналитичар на податоци во САД, а во слободното време снима и објавува забавни видеа преку кои се обидува да ги научи своите следбеници на едноставни и лесни грчки фрази и зборови.
Негова цел е туристите да не се чувствуваат загубено кога одат на одмор во неговата татковина, па тој им дава информации и ги учи на основите на неговиот мајчин јазик.
Како да резервирате маса во ресторан, како да се заблагодарите, кои зборови означуваат плажа, чадор, сонце... Како да си викнете такси, но и како да знаете дека некој ви упатил навреда?
Сите овие информации се опфатени во видеата на Димитрис, а интересно е што тој зборовите ги изговара бавно и се мошне лесни за разбирање.
Ова момче за многу кратко време успеа да собере над 130.000 следбеници, а неговите видеа се информативни.
Ако сакате да си го обновите грчкиот пред одмор, погледнете некои од неговите видеа:
Кои се грчките зборови за чаша, виљушка, нож, чинија?
Каде, како, што, зошто?
Костим за капење, пешкир, крем за сончање, шише со вода
Каде е тоалетот? Каде да најдам такси? Уште еден пијалак, ве молам!
Добро утро! Добровечер! Добар ден!
Сакам да резервирам маса! Во колку часот? Во 7 попладне!
5 благи грчки навреди, не ги користете, ова е само за информација: животно, магаре, глуп, прост, будала
Б. С. Б. | Црнобело