Од Јутјуб ѕвезди до осуденици: Детали за родителите кои ги малтретираа своите деца за интернет слава
Мајк и Хедер Мартин се можеби меѓу првите кои направија Јутјуб канал за да споделуваат детали од животот со нивните деца. Но, за да се прослават, објавуваа видеа со невкусни шеги на сметка на нивните деца кои претрпеле вистинска траума. Каде се и што прават денес, скоро десет години по скандалот?
Родителите се оние кои треба да ги заштитат своите деца и да им помогнат да се снајдат во животот.
За жал, реалноста не е секогаш таква.
Во ерата на социјалните мрежи, постојат многу родители кои дури им вршат тортура на своите деца, само лајкови и кликови.
Меѓу првите вакви случаи е од пред речиси една деценија, кој резултираше со забрана од страна на Јутјуб за видеа со опасни предизвици и шеги (pranks).
Главните виновници во случајот се Мајк Мартин и неговата сопруга Хедер Мартин, со нивниот Јутјуб канал познат како DaddyOfFive (татко на пет деца).
Од претходен брак, Хедер има три деца – Џејк, Рајан и Алекс.
Мајк, пак, има две деца – Коди и Ема – со негова поранешна девојка.
Мајк и Хедер заедно се грижеа за петте деца и во 2015 година направија Јутјуб канал со цел да споделуваат детали од нивното секојдневие.
Видеата кои доминираа на каналот беа со таканаречени практични шеги, на англиски познати како pranks.
Овој период, ваквите видеа беа хит на Јутјуб, па Мајк и Хедер имаа над 700.000 претплатници каналот и повеќе од 170 милиони прегледи на нивните содржини.
Но, со текот на времето, шегите што им ги правеа на децата стануваа сè посурови.
Најчесто, жртвата во шегите беше Коди – синот што Мајк го добил со поранешна девојка.
Во периодот кога го направија каналот, Коди имаше 9-10 години.
Во едно видео, Мајк и Хедер „на шега“ му ја искршија конзолата за играње на Коди со чекан и го турнаа во полица за книги.
Коди се удри и му течеше крв од носот, но Мајк тврдеше дека тоа била лажна крв, за видеото да биде подраматично.
Во друго видео, тие го лажат Коди дека е посвоен и потоа го навредуваат бидејќи се однесувал лошо.
Парот објави и видео во кое повторно го караат и навредуваат Коди бидејќи наводно направил неред во собата и му се закануваат дека ќе му ги продадат сите играчки.
Детето е видно вознемирено и кога почнува да плаче, татко му му вели:
„Само се шегуваме“.
Можеби најпотресно е видеото во кое малиот Коди вели дека повеќе не сака да живее.
Подоцна се откри дека видеото го снимал постариот брат на Коди, додека татко му Марк го навредувал и малтретирал.
Јавноста брзо почна да изразува загриженост во коментарите на видеата и дел од следбениците на каналот отворија петиција за да се започне истрага.
Тој период се огласи поранешната девојка на Мајк, односно мајка му на Коди, која откри дека ги контактирала службите за заштита на деца уште откако бил отворен каналот.
Мајк и Хедер, пак, се бранеа дека сите шеги се лажни, односно децата знаат што ќе се случи и ги глумат реакциите.
Апелот на мајката, заедно со петицијата на јавноста, беше доволна за да се започне истрага, па Мајк и Хедер го изгубија старателството над Коди и сестра му Ема.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_110038_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_109109_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_114655_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_115147_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_113659_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_114837_400.jpg)