Договорила романтичен состанок со Ештон Кучер, но била убиена: Детали за злосторствата на „убиецот од Холивуд“
Марија Бруно
Марија Бруно, која била мајка на четири деца, е третата жртва на Мајкл.
Непосредно пред убиството, таа се преселила во нов стан во близина на домот на Мајкл во Калифорнија.
И, ова е најгрозоморното убиство на Мајкл.
Тој влегол во домот на 32-годишната Марија, иако немало траги на насилно влегување.
Додека спиела, ѝ го пресекол грлото и ѝ го осакатил телото, поради што полицијата била сигурна дека убиството е премногу лично и дека убиецот сигурно ја познавал Марија.
Но, Мајкл не бил фатен ни тогаш.
Мишел Марфи
Мишел ќе била четвртата жртва на Мајкл, но за среќа успеала да се спаси.
Во 2008 година, тој влегол во домот на 26-годишната девојка и ја нападнал со ноќ во нејзиниот кревет.
Мишел успеала да го спречи – го турнала од креветот, при што тој се повредил. Бидејќи се исплашил, избегал низ прозорецот, но пред да излезе ѝ рекол „извини“.
Мајкл крвавел од повредата, па во собата на Мишел останале траги од неговата крв. Ова, заедно со нејзиното сведоштво, помогнало во фаќањето на Мајкл.
Мајкл бил уапсен во 2008 година и бил обвинет за три убиства, иако полицијата верува дека имал и повеќе жртви.
Во Калифорнија му судеа за две убиства, додека уште не му е судено за убиството во Илиноис.
Во Калифорнија му беше изречена смртна казна, но поради промена на законите, уште не е спроведена.
Доколку не се изрече смртната казна, Мајкл ќе остане во затвор до крајот на животот, без можност за помилување.
Мотивите за убиствата до денес не се разјаснети.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





