Бонтон правила за летање со авион кои многу луѓе ги забораваат
Не се туркајте да влезете први во авионот и не го блокирајте преминот за другите патници – бонтон правила кои не треба да ги заборавите на следното патување во авион.
Денес патувањето со авионот е подостапно од кога било и за некои дестинации е дури и поевтина варијанта од автобус или автомобил.
Но, и покрај тоа што секојдневно милиони луѓе летаат со авион, голем дел забораваат на некои основни бонтон правила.
Кои бонтон правила не треба да ги заборавите на следното патување со авион?
Не правете турканица пред вратата за качување
Сè додека вработените не најават дека почнува качувањето во авионот, немојте да правите турканица пред вратата за качување.
Седете на столчето во чекалната и не правете непотребен метеж.
Не пробувајте да се качите во авионот преку ред
Штом ќе почне качувањето во авионот, немојте да пробувате да одите преку ред.
Штом сте во редицата, авионот нема да тргне без вас.
Подгответе документите однапред
Штом ќе почне качувањето, веднаш подгответе ги потребните документи.
Не чекајте да ви дојде редот, па дури тогаш да почнете да барате низ чантата.
Со однапред подготвени документи, целиот процес ќе се одвива побрзо и другите патници нема да мора да ве чекаат.
Не се буткајте први да влезете во авионот
Штом ќе стигнете до вратата од авионот, почекајте да влеза и седнат патниците пред вас.
Не пробувајте да ги поминете за побрзо да стигнете до седиштето бидејќи само непотребно правите турканица.
Не го блокирајте преминот во авионот
Кога ќе влезете во авионот, исто така е важно да не се задржувате во преминот бидејќи по вас има и други патници кои чекаат да влезат.
Штом ќе го лоцирате седиштето, ставете го багажот во кабината и пробајте да се сместите во него што е можно побрзо.
Ако треба да станете, почекајте прво да седнат сите.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





