Бонтон правила за летање со авион кои многу луѓе ги забораваат
Не зафаќајте повеќе простор во кабината за багаж
Кабината за багаж не е само ваша и таму можете да го ставите само рачниот багаж.
Ако со себе имате чанта, лаптоп или нешто слично, ставете ги под седиштето или во вашиот скут – немојте да го зафаќате туѓиот простор за рачен багаж.
Седнете на вашето седиште
Седиштето на сите патници е однапред одредено и не смеете да седнете на туѓо седиште.
Ако од некоја причина сакате да го смените седиштето, прво ќе ги прашате стјуардесите дали има друго слободно.
Доколку нема, не можете да се преместувате самите и да ги разместувате другите патници.
Не го спуштајте седиштето
Авионите и онака се тесни, па немојте дополнително да зафаќате дел од простор на патникот зад вас.
Ако сакате да го спуштите седиштето, секогаш прво прашајте ја личноста зад вас дали може.
Притоа, дури и ако ви дозволиле, немојте да го спуштате седиштето до крај.
Не ги вознемирувајте стјуардесите
Немојте постојано да ги викате и да им зборувате на стјуардесите.
Точно е дека тие се овде за патниците, но не заборавајте дека во авионот има и други луѓе.
Освен ако навистина немате потреба, а оставете ги стјуардесите на мир.
Избегнувајте конфликти со другите патници
Патувањето со авион може да биде стресно, но ова не треба да биде причина да не се контролирате.
Пробајте да бидете фини со другите патници, а ако некој ви создава проблем, консултирајте се со стјуардесите.
Нема потреба од караници со кои ќе ги вознемирите и другите патници.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





