„Златни“ правила за удобно летање со авион, според стјуардеси

Ако ве болат ушите, купете тампони за уши и не ставајте вредни работи, како лаптоп и паричник, во делот за рачен багаж.

zlatni-pravila-za-udobno-letanje-so-avion-spored-stjuardesi-01.jpg

Летото е период на патување и многумина одлучуваат да одат на одмор со авион.

Но, летањето не е најудобниот начин за патување за сите патници, особено ако станува збор за подалечна дестинација.

Во продоложение неколку совети, но и правила кои ќе ви го направат летањето со авион поудобно:

Купете тампони за уши ако имате болка кога летате

Поради промената на воздушниот притисок, некои патници чувствуваат болка во ушите, особено при полетување и слетување.

Ако го имате овој проблем, можете да купите тампони за уши кои колку-толку ќе ја ублажат болката.

zlatni-pravila-za-udobno-letanje-so-avion-spored-stjuardesi-02.jpg

Не ставајте вредни работи во делот за рачен багаж

Вредните работи како телефон, паричник, лаптоп, пасош и слично секогаш ставајте ги во преградата пред вас, а не во делот за рачен багаж.

Најпрво, овде ќе ви бидат веднаш при рака. Покрај тоа, иако се случува ретко, некој може да ви украде нешто додека сте во тоалет.

zlatni-pravila-za-udobno-letanje-so-avion-spored-stjuardesi-03.jpg

Ставете налепници со ваши податоци на предмети како телефон

На предметите што ги носите со себе, а ви се важни, како телефон и паричник, ставете налепница со вашите податоци – име, презиме, број од личноста со којашто патувате...

На овој начин, доколу изгубите нешто, ќе биде многу полесно да ве лоцираат.

zlatni-pravila-za-udobno-letanje-so-avion-spored-stjuardesi-04.jpg

Не пробувајте да добиете седиште во подобра класа

Некогаш, поради разни околности се случува некој патник да добие можност да седи во повисока класа.

Но, не пробувајте сами да добиете вакво место.

Постојат патници кои мислат дека ако им дадат подарок на стјуардесите или им делат комплименти ќе добијат подобро седиште, но овие трикови не функционираат.

Па, немојте да им го трошите времето на стјуардесите.

zlatni-pravila-za-udobno-letanje-so-avion-spored-stjuardesi-05.jpg

Подгответе се однапред ако ви отрпнуваат нозете при летање

Кога станува збор за подолг лет, нормално е да почувствувате трнење на нозете.

За да го избегнете ова, најдобро е да се подготвите однапред – неколку дена хранете се поздраво, со многу овошје и зеленчук, а пијте и многу вода.

Ако често го имате овој проблем, купете и чорапи за компресирање.

zlatni-pravila-za-udobno-letanje-so-avion-spored-stjuardesi-6.jpg

Газираниот пијалак со мраз може да ја намали мачнината

Мачнината е еден од симптомите што може да се почувствуваат за време на летање.

Според стјуардесите, најдобриот лек во овој случај е газиран пијалак со мраз.

Можете и да побарате од стјуардесите мраз во крпа или нешто слично за да си го ставите на челото.

Или, само кажете им дека не се чувствувате добро и тие ќе знаат како да ви помогнат.

zlatni-pravila-za-udobno-letanje-so-avion-spored-stjuardesi-07.jpg

Најдобро користете своја тоалетна во тоалетот

Тоалетите во авионите се навистина валкани, а бактериите можат да завршат и на тоалетната хартија.

Затоа, најдобро носете си ваша хартија.

Исто така, дезинфицирајте ги рацете со средство, дури и откако ќе ги измиете, за да се осигурите дека сте ги уништиле сите штетни бактерии.

zlatni-pravila-za-udobno-letanje-so-avion-spored-stjuardesi-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg