Психопати и генијалци - сериски убијци кои имале коефициент на интелигенција над 140
Сериските убијци кои се карактеризирани како психопати неретко се интелигентни луѓе и токму затоа се мошне добри манипулатори кои ѝ бегаат на правдата со години.
Повеќето сериски убијци се класифицираат како психопати.
Иако психопат не е официјална медицинска дијагноза, неретко зборот се користи за да се опише личност која е егоцентрична, антисоцијална, без сочувство или емпатија, и доста често склона кон криминал.
Бидејќи сите овие одлики немаат врска со интелигенцијата, сериските убијци некогаш се мошне интелигентни личности.
И, тоа е причината што се одлични манипулатори и измамници, па успеваат да ѝ бегаат на правдата со години, а некои од нив воопшто да не бидат најдени.
Кои сериски убијци биле генијалци?
Родни Алкала
Родни Алкала самиот тврдел дека убил над 100 жени.
Бил уапсен во 1979 година, а следната година бил осуден на смрт за убиството на 12-годишно девојче.
Сепак, пресудата се менуваше многупати и на крај беше обвинет за пет убиства, но почина во 2021-ва, пред да му биде изречена смртната казна.
На 17-годишна возраст, додека бил во војска, тестот за интелигенција покажал дека неговиот IQ е 135.
Сепак, подоцна се воспоставило дека коефициентот на Родни е некаде помеѓу 160 и 170.
Родни бил и образована личност – учел на универзитетите UCLA и NYU, а оние кои го познавале го опишувале како генијалец.
Прочитајте и: Сериски убиец кој усмртил 100 жени, победил на квиз за состаноци на слепо: „Се однесуваше навистина морничаво“
Тед Качински
Американецот Тед Качински почесто е нарекуван „домашен терорист“ отколку сериски убиец, но сепак спаѓа во истата категорија.
Поставувајќи бомби во периодот од 1978 и 1995 година, тој убил три лица, а ранил 23. Доколку не бил фатен, сигурно би извршил и повеќе убиства.
Пред да почне со убиствениот поход, Тед бил професор по математика, а неговиот интелект се истакнувал уште во основно.
Поради коефициентот на интелигенција од 167, прескокнал две одделенија, а на факултет знаел повеќе и од неговите професори.
На само 25-годишна возраст станал професор на Беркли, но потоа ја напуштил кариерата и се посветил на насилството.
Шарлин Галего
Шарлин Галего измачувала и убивала заедно со нејзиниот сопруг, кој веќе имал криминално досие поради силување додека да стапат во брак.
Во доцните 1970-ти, тие киднапирале млади девојки, ги силувале и ги убивале.
Биле фатени во 1980 година и иако Шарлин признала вина, сведочела против сопругот и инсистирала дека и таа била жртва.
Сопругот починал во затвор, додека таа била ослободена во 1997-ма, по 16 години зад решетки.
Пред злосторствата, Шарлин била дете гениј – била експерт за виолина, а нејзиниот коефициент на интелигенција бил 160.
Ѝ се предвидувала светла иднина, но откако нејзината мајка останала парализирана, Шарлин тргнала на погрешен пат.
Карол Едвард Кол
Карол Едвард Кол првпат убил на само 9-годишна возраст – удавил дете кое го малтретирало.
Покрај врсничкото насилство, тој бил малтретиран и од мајка му, па се верува дека желбата за убивање потекнува одовде.
Самиот тврдел дека убил 35 жени, но потврдени се пет убиства за кои бил и осуден.
Добил смртна казна и бил егзекутиран во 1985 година.
Додека бил ученик, направил тест интелигенција кој покажал дека неговиот коефициент е 152.
Ендру Кунанан
Во период од три месеци, Ендру убил пет луѓе, вклучувајќи го и познатиот моден дизајнер Џани Версаче, за на крај да изврши самоубиство.
Ендру пораснал во богато семејство.
Неговиот коефициент на интелигенција бил 147, па родителите му ветувале дека ќе биде богат и успешен.
Но, по разводот на родителите, исчезнало и семејното богатство, па животот на Ендру тргнал во надолна линија.
Не можел да задржи работно место, имал проблеми со мајка му поради неговата сексуална ориентација, а извесен период нудел и сексуални услуги за да заработи.
Сето ова довело до неговата пропаст и, на крај, самоубиството.
Прочитајте и: Морничавото убиство на Џани Версаче: Бил застрелан пред својот дом, до денес никој не знае зошто
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





