Морничавото убиство на Џани Версаче: Бил застрелан пред својот дом, до денес никој не знае зошто
На само 50-годишна возраст, осовачот на Versace беше застрелан и убиен пред неговиот дом во Мајами. Убиецот, кој дотогаш имал убиено четворица други мажи, никогаш не ја открил причината за злосторството.
Џани Версаче е основачот на една од најголемите модни куќи во светот – Versace.
Почнал да ја реализира својата визија во 1978-ма и до 1997 година имал над 130 продавници ширум светот, а брендот го претворил во компанија вредна над 800 милиони долари.
Но, во периодот кога беше на врвот и имаше само 50 години, Џани Версаче беше убиен, и тоа пред неговиот дом во Мајами.
Детали за убиството на познатиот дизајнер:
Во јули 1997 година, Џани Версаче бил во својата вила во Мајами, заедно со неговиот партнер Антонио.
Кратко пред одморот во вилата, тој само што само што одржал успеша модна ревија во Париз, а се подготвувал и да прифати почесна награда.
Утрото излегол да купи кафе од локал на едвај 500 метри од куќата.
Кога се вратил, само што ги отворил портите од дворот, кога непознат маж испукал два куршума кон него.
Двапати го погодил во главата и дизајнерот починал веднаш.
И, сето ова пред очевидци.
„Стоевме и гледавме и не можевме да направиме ништо.
Му течеше многу крв, малку почна да се тресе и одеднаш престана да се движи“, изјавил тогаш еден од очевидците.
Неговиот партнер, Антонио, го слушнал истрелот и веднаш истрчал надвор.
„Прозорците на куќата беа насликани, па не се гледаше кон надовр, морав да излезам.
Го здогледав Џани на скалите, со крв околу него. И, тогаш сè ми се стемни.
Се тргнав настрана за да не го гледам повеќе“, изјавил Антонио за The Guardian по смртта на партнерот.
Веднаш пристигнала брза помош и дизајнерот брзо бил пренесен во најблиската болница, но бил прогласен за мртов.
Надлежните веднаш сфатиле кој е убиецот бидејќи ова и не му било првото убиство.
27-годишниот Ендру Кунанан бил одговорен за смртта на дизјанерот, а тој бил негова петта жртва.
Па, веќе бил на радарот на ФБИ.
Опишуван како мошне интелигнетна личност со фотографска меморија, мета на Ендру биле богати мажи, наводно бидејќи им завидувал за богатството.