Морничавото убиство на Џани Версаче: Бил застрелан пред својот дом, до денес никој не знае зошто
Користејќи ги својот шарм и интелект, но и способноста за лажење, Ендру успевал да се зближи со моќни луѓе.
Па, почнало да се постаува прашањето дали дизјанерот можеби го познавал убиецот.
Почнале да се шират гласини дека Џани Версаче и убиецот сепак се познавале, но семејството на дизајнерот стоело на тврдењето дека тоа е лага.
Дотогаш, Ендру Кунанан ги имал убиено неговиот најдобар пријател, маж кој му се допаѓал како и богат бизнисмен од Чикаго.
Исто така, имал убиено уште еден богаташ, а по убиството на Џани, станал една од најбараните личности во САД.
Истрагата покажала дека најверојатно, Ендру детално го планирал убиството на Џани бидејќи живеел на околу шест километри од неговата куќа во Мајами.
Според американксите медиуми, како да живеел двоен живот.
Од една страна, сакал да се дотерува и да излегува со моќни луѓе. Од друга, четопати купувал книги и списанија со порнографска содржина.
Затоа, неговите убиства биле опишувани како дело на „садистички сексуален престапник“.
Веднаш по убиството на Џани, Ендру избегал, но очевидците успеале да ја забележат неговата облека.
Сепак, тој бил свесен за ова, па се ослободил од облеката и ја ставил во возило во гаража во близина.
Бидејќи полицијата веќе трагала по него, успеале да го лоцираат по околу една недела – се криел на мал брод во Мајами.
Кога го пребарале бродот, сфатиле дека пробувал да си извади лажен пасош и да ја напушти државата.
Но, како што полицајците му се приближиле, тој се застрелал и се самоубил.
Ендру не оставил порака и надлежните немале можност да го испрашаат, па до денес не е познато дали нависитна го познавал Џани, колку долго го следел, ниту зошто воопшто го убил.
За да го зачуваат неговото наследство, Донатела Версаче и семејството решиле целосно да се посветат на неговиот бренд.
Во негова чест, ја одржале следната ревија што била закажана, а на настанот присуствувале и неговите ривали од модниот свет, како Карл Лагерфелд, за да му дадат поддршка.
Оттогаш, Донатела драстично ја зголеми вредноста на фирмата, а во 2018-та го продаде брендот на Michael Kors за околу две милијарди долари.
Сепак, до денес има важна улога во дизајните на Versace и самата истакнува дека брендот никогаш немало да стане тоа што е да не бил нејизниот брат.
„Брат им беше како крал и кога беше убиен, ми се сруши целиот свет. Сега, верувам дека неговата смрт ме направи посилна.
Но, многу долг период, тоа беше само траума... Морав да бидам силна за неговата компанија.
Но, најмногу од сè, морав да бидам силна за нашето семејство“, има изјавено таа за The Guardian.
Спирова С. | Црнобело