Сериски убиец кој усмртил 100 жени, победил на квиз за состаноци на слепо: „Се однесуваше навистина морничаво“

„Почна да ми се лоши. Тој се однесуваше навистина морничаво“ – изјавила учесничката во квизот што требало да оди на состанок со серискиот убиец Родни Алкала. Неколку години по учеството во квизот тој бил осуден на смртна казна.

seriski-ubiec-koj-usmrtil-100-zheni-pobedil-na-kviz-za-sostanoci-na-slepo-se-odnesuvashe-navistina-mornichavo-01.jpg

Квизовите со состаноци на слепо во САД биле мошне популарни и во минатото.

Во 70-тите години на минатиот век таму бил актуелен квизот The Dating Game, а скандалот што се случил во време на неговото емитување е еден од најпознатите во историјата.

seriski-ubiec-koj-usmrtil-100-zheni-pobedil-na-kviz-za-sostanoci-na-slepo-se-odnesuvashe-navistina-mornichavo-02.jpg

Родни Алкала е познат сериски убиец, за кого се знае дека сигурно убил седум жени, а самиот тврдел дека им го одземал животот на околу 100 жртви.

Алкала во доцните 70-ти години учествувал и победил на квизот The Dating Game каде наградата била состанок со главната учесничка.

seriski-ubiec-koj-usmrtil-100-zheni-pobedil-na-kviz-za-sostanoci-na-slepo-se-odnesuvashe-navistina-mornichavo-03.jpg

Учеството во квизот се случило долго откако тој веќе го одзел животот на својата прва жртва, а според пишувањата во медиумите Алкала претходно бил осудуван.

Десетина години пред учеството во квизот, Алкала, кој во тоа време бил студент по уметност и фотограф во Тексас, бил обвинет за киднапирање и силување на 8-годишно дете, но избегнал затворска казна така што побегнал од државата.

seriski-ubiec-koj-usmrtil-100-zheni-pobedil-na-kviz-za-sostanoci-na-slepo-se-odnesuvashe-navistina-mornichavo-08.jpg

Во 1972-та година, откако бил препознаен од група тинејџери бил затворен и поминал 3 години во затвор.

По две години излегол од затвор, но само два месеци по ослободувањето тој му пришол на 13-годишно девојче и го однел покрај плажата. Го прислил девојчето да пуши марихуана со него и го бакнал, по што и двајцата биле уапсени од страна на ренџер за поседување опојни супстанци.

seriski-ubiec-koj-usmrtil-100-zheni-pobedil-na-kviz-za-sostanoci-na-slepo-se-odnesuvashe-navistina-mornichavo-09.jpg

Тој во јавноста стана познат како The Dating Game Killer, а се претпоставува дека пред учеството во квизот во 1978-ма година имал убиено најмалку 4 жени.

Во квизот, девојката Шерил Бредшоу требало да го избере мажот со кој ќе оди на состанок, откако претходно требало да им постави прашања на тројца кандидати што не ги гледала.

seriski-ubiec-koj-usmrtil-100-zheni-pobedil-na-kviz-za-sostanoci-na-slepo-se-odnesuvashe-navistina-mornichavo-04.jpg

Шерил го избрала серискиот убиец, но нејзиното мислење се променило кога за првпат го видела:

„Почна да ми се лоши. Тој се однесуваше навистина морничаво“ – изјави тогаш Шерил.

Иако по шоуто се согласила да излезе со него, следниот ден водена од инстинктите одлучила да им се јави на продуцентите и да го откаже состанокот.

seriski-ubiec-koj-usmrtil-100-zheni-pobedil-na-kviz-za-sostanoci-na-slepo-se-odnesuvashe-navistina-mornichavo-06.jpg

Родни ја убил 12-годишната Робин Самсо во Лос Анџелес во 1979-та година, по учеството во квизот. Полицискиот фоторобот ги однел властите до негов сеф, каде биле најдени голем број сувенири од жртви, меѓу кои и обетки на последната жртва.

Тој бил уапсен и осуден на смртна казна, но починал до природни причини во јули, 2021-ва година, на возраст од 77 години.

seriski-ubiec-koj-usmrtil-100-zheni-pobedil-na-kviz-za-sostanoci-na-slepo-se-odnesuvashe-navistina-mornichavo-05.jpg

Непосредно пред смртта тој рекол дека убил до 100 жртви, а полицијата во последниот период работи на ДНК анализа и утврдување на другите жртви на Алкала на територијата на Лос Анџелес и Њујорк.

Погледнете го видеото со учеството на Алкала во квизот:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg