Родителите ја изгладнувале, успеала да ги спаси 12-те браќа и сестри – Потресната приказна на инфлуенсерката Џордан Турпин

ТикТок ѕвездата Џордан Турпин успеала да ги спаси нејзините 12 браќа и сестри од тортурата што им ја вршеле родителите. Тие ги изгладнувале, ги држеле врзани и по цел месец и не им дозволувале да користат тоалет. Денес се зад решетки, каде што ќе останат до крајот на нивните животи.

roditelite-ja-izgladnuvale-uspeala-da-gi-spasi-12-te-brakja-i-sestri-potresnata-prikazna-na-influenserkata-dzhordan-turpin-01.jpg

Денес, 23-годишната Џордан Турпин е ѕвезда на социјалните мрежи – на Инстаграм има речиси 300.000 следбеници, додека на ТикТок ја следат над 1,6 милиони корисници.

Но, причината за популарноста на Џордан е во најмала рака морничава.

roditelite-ja-izgladnuvale-uspeala-da-gi-spasi-12-te-brakja-i-sestri-potresnata-prikazna-na-influenserkata-dzhordan-turpin-02.jpg

Младата девојка и нејзините 12 браќа и сестри биле сурово малтретирани од нивите родители и се спасиле само затоа што Џордан успеала да избега од дома и да ги пријави во полиција.

Џордан често зборува за нејзиното трауматично искуство со надеж дека ќе им помогне на други кои се или биле во слична ситуација, а вели дека сонува да стане мотивациски говорник.

Што се случувало во домот на Џордан и како успеала да избега?

Џордан е родена во 2001 година.

Нејзините родители се венчале во 1985-та, кога мајка ѝ Ен Луиз имала 16, а татко ѝ Дејвид Ален 24 години.

Нејзините родители верувале дека Бог им дал задача да „создадат што поголемо потомство“, па добиле 13 деца, од кои првото се родило во 1988-ма.

roditelite-ja-izgladnuvale-uspeala-da-gi-spasi-12-te-brakja-i-sestri-potresnata-prikazna-na-influenserkata-dzhordan-turpin-10.jpgСемејството Турпин

Најпрво, тие живееле во Тексас, а во 2014-та, кога Џордан имала 13 години, се преселиле во Калифорнија.

Зад себе ја оставиле камп приколката во којашто живееле, а според сведоштвата на соседите, внатре имало многу ѓубре, мртви мачки, човечки измет и јажиња врзани за креветите.

Според изјавите на Џордан, родителите им давале по само еден оброк, па постојано биле гладни.

За јадење им давале путер од кикиритки или чипс, а редовно ги казнувале со тепање.

Не им било дозволено да користат тоалет, а и не ги праќале на училиште.

roditelite-ja-izgladnuvale-uspeala-da-gi-spasi-12-te-brakja-i-sestri-potresnata-prikazna-na-influenserkata-dzhordan-turpin-06.jpgРодителите на Џордан

Џордан откри дека пред да избега, најголем дел од времето минувала во спална соба со две од нејзините сестри, кои честопати биле врзувани со синџири.

Младата девојка и нејзините браќа и сестри биле целосно изолирани од светот, но Џордан сфатила дека животот може да им биде подобар кога во 2016-та успеала да допре до еден од смартфоните на родителите.

Тогаш налетала на спот на Џастин Бибер.

„Искрено, не знам каде би биле ако тогаш не изгледав видео со Џастин Бибер.

Додека го гледав, сфатив дека надвор има цел друг свет… И, сакав да го искусам“.

roditelite-ja-izgladnuvale-uspeala-da-gi-spasi-12-te-brakja-i-sestri-potresnata-prikazna-na-influenserkata-dzhordan-turpin-07.jpgКуќата во којашто живеела Џордан со семејството

По ова, Џордан почнала да го краде телефонот навечер, дознала за социјалните мрежи, си направила профили и почнала да комуницира со други луѓе.

„Еден корисник што го запознав онлајн ме праша зошто сум активна само навечер и зошто не излегувам од дома.

Му кажав дека не одам на училиште и дека не смеам да излезам од куќата. Му кажав каква храна ни даваат и дека не ни дозволуваат да станеме од креветот.

Тој ми рече дека морам да повикам полиција“, раскажува Џордан.

roditelite-ja-izgladnuvale-uspeala-da-gi-spasi-12-te-brakja-i-sestri-potresnata-prikazna-na-influenserkata-dzhordan-turpin-11.jpg

Таа почнала да го планира бегството од дома откако родителите дознале за смартфонот и почнала да стравува за својот живот.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото) Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...
Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...
Инцест и блуд, убиства и криминал - Факти за семејството Борџија, едно од најизопачените во светот Ова семејство е синоним за злосторства, скандали и разврат - брат и сестра биле ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg