Родителите ја изгладнувале, успеала да ги спаси 12-те браќа и сестри – Потресната приказна на инфлуенсерката Џордан Турпин
Со помошта од постарите браќа и сестри, Џордан почнала да прави план.
Една од нејзините сестри успеала да нацрта мапа на нивното соседство, а еден од браќата им кажал дека на телевизија го видел бројот за полиција.
Додека го правеле планот, Џордан ја слушнала мајка ѝ како зборува за ново преселување, па ѝ станало јасно дека мора да избега порано.
Ноќта пред да избега, Џордан повторно го украла телефонот на родителите и направила неколку фотографии од куќата, за да има доказ.
Тогаш, едната од нејзините сестри била врзана за креветот веќе 15 дена.
Една од фотографиите што ги направила Џордан пред да избега
Избегала преку прозорецот и набрзо потоа викнала полиција од украдениот телефон.
„Не знаев во која насока да тргнам. Многу ми беше страв. Пробував да повикам полиција, но рацете ми се тресеа.
Кога се јавив, почнав да им кажувам сè – не одиме на училиште, живееме во нашиот измет, изгладнети сме…“
Полицијата реагирала брзо и откако куќата на Џордан била пребарана, родителите биле уапсени.
Во февруари 2019 година, добиле доживотна казна затвор.
Во меѓувреме, Џордан стана активна на социјалните мрежи со надеж дека ќе собере пари за да се грижи за браќата и сестрите.
И, засега ѝ оди навистина добро, а има и планови за иднината.
„Можеби ќе имам дете некој ден и убав автомобил. Сакам да завршам факултет, да напишам книга или да бидам мотивациски говорник.
Кога ќе имам деца, сакам да им биде удобно“, има споделено со нејзините следбеници.
Спирова С. | Црнобело