Најбогатите бизнис династии во светот (и како ги заработиле парите)
Семејството Слим
Династијата Слим има богатство кое се проценува на 95 милијарди долари.
Тие имаат акции во конгломератот Grupo Carso, а се доста активни и во сферата на комуникациите.
Но, милијардерот Карлос Слим, кој е како глава на семејството, има и безброј други приходи и наводно ни самиот не бил свесен колку точно заработува.
Семејството потекнува од Мексико, каде што се вели дека има толку многу бизниси, што за Мексиканците е невозможно да поминат 24 часа без да купат нешто од нив.
Семејството Вертејмер
Повеќето семејства на листата имаат акции во некоја компанија.
Но, семејството Вертејмер ја поседува Chanel, а нивното богатство се проценува на 95 милијарди долари.
Браќата кои се главни во семејството успеале да го убедат татко им да им ја предаде целата фирма.
Татко им, пак, ја наследил од Пјер Вертејмер – мажот кој го основал брендот заедно со Коко Шанел.
Наводно, татко им не бил заинтересиран за моден бренд и сите пари ги вложувал во одгледување коњи, па без проблеми им ја препишал компанијата на синовите.
Семејството Марс
Семејството Марс најмногу заработува од компанијата за храна која стои зад некои од најпознатите брендови како М&M’s, Skittles и Milky Way.
Богатството на семејството се проценува на околу 125 милијарди долари.
Членовите на семејството Марс се многу таинствени и во јавноста не се знае скоро ништо за нив.
Семејството Арнаулт
Не е познато колку точно пари имаат членовите на семејството Арнаулт, но според некои процени сосема возможно е богатството да им изнесува и до 240 милијарди долари.
Ова семејство поседува акции во бројни луксузни брендови, и тоа од сите сфери – облека, јахти, шампањ…
Семејството Волтон
Семејството Волтон стои зад ланецот супермаркети во САД – Walmart.
Нивното богатство се проценува на околу 250 милијарди долари и ова ги прави едно од најбогатите семејства во светот.
Иако нивните маркети се мошне популарни во САД, се верува дека семејството Волтон било немилосрдно при избегнување даноци и експлоатација на вработени и токму ова им помогнало да се најдат на врвот.
Односно, иако не е ништо ново богаташите да експлоатираат и да избегнуваат даноци, семејството Волтон одело до екстреми.
Спирова С. | Црнобело