Заработува милијаради од производи за убавина, а шета несредена - Како изгледа најбогатата жена во светот?

Богатството го добила од компанијата која е синоним за женска убавина и шминка, а каде и да се појави најчесто е несредена, без фризура и со препознатливите правоаголни очила. Знаете ли како изгледа најбогатата жена во светот?

ima-milijardi-no-ne-saka-da-se-shminka-i-ne-gi-kube-vegjite-kako-izgleda-najbogatata-zhena-vo-svetot-01.jpg

Има богатство од над 83,6 милијарди долари на нејзината сметка, а кога ќе ги видите нејзините фотографии на прв поглед мислите дека пред вас стои обична жена која едвај сврзува крај со крај. Вообичаено текстовите што ѝ се посветени нејзе се проследени со фотографии на кои таа е со минимална или без шминка.

Препознатлива е по големите правоаголни очила, црната долга (и често несредена) коса, свилените марами што речиси секогаш ги носи како додаток, но во нејзиниот стил нема ништо друго што би можело да биде впечатливо.

Интересно е што Франсоа парите ги наследила од нејзиното семејство од брендот кој во голема мера е синоним за женска убавина, L’Oreal.

zarabotuva-milijaradi-od-proizvodi-za-ubavina-a-sheta-nesredena-kako-izgleda-najbogatata-zhena-vo-svetot-02.jpg

Но, нејзиниот интерес не е сконцентриран на шминката, убавината и облеката.

Таа целосно е посветена на сопругот Пјер Мејерс, со кого е во складен брак веќе 40 години, како и на синовите Николас и Жан Жан-Виктор.

zarabotuva-milijaradi-od-proizvodi-za-ubavina-a-sheta-nesredena-kako-izgleda-najbogatata-zhena-vo-svetot-03.jpg

Израснала во католичко опкружување, а пред да стапи во брак со сопругот морала да ја промени религијата и да го прифати јудаизмот.

Франсоа во 2017-та година од нејзината мајка Лилиен Бетанкур наследила богатство од 39,5 милијарди долари, но со посветена работа и труд денес успеала повеќе од двојно да го зголеми богатството.

zarabotuva-milijaradi-od-proizvodi-za-ubavina-a-sheta-nesredena-kako-izgleda-najbogatata-zhena-vo-svetot-12.jpg

Кога не работи во компанијата Франсоа свири пијано, пишува библиски коментари и книги за грчката митологија, а често знае да се појавува на хуманитарни настани каде донира дел од своите милијарди.

Прочитајте и Мајка ѝ ја избришала од тестаментот, за милијардите морала да се бори на суд - Факти за најбогатата жена во светот, Франсоа Бетанкур

Таа донираше 226 милиони долари за обвнова на катедралата Нотр Дам во Париз.

Но, ако се погледнат нејзините фотографии, станува јасно дека Франсоа мрази да се појавува во јавност и да се фотографира, а за тоа сведочат и фотките објавени во француските и светските медиуми.

Погледнете дел од нив:

zarabotuva-milijaradi-od-proizvodi-za-ubavina-a-sheta-nesredena-kako-izgleda-najbogatata-zhena-vo-svetot-05.jpg

zarabotuva-milijaradi-od-proizvodi-za-ubavina-a-sheta-nesredena-kako-izgleda-najbogatata-zhena-vo-svetot-06.jpg

zarabotuva-milijaradi-od-proizvodi-za-ubavina-a-sheta-nesredena-kako-izgleda-najbogatata-zhena-vo-svetot-07.jpg

zarabotuva-milijaradi-od-proizvodi-za-ubavina-a-sheta-nesredena-kako-izgleda-najbogatata-zhena-vo-svetot-08.jpg

zarabotuva-milijaradi-od-proizvodi-za-ubavina-a-sheta-nesredena-kako-izgleda-najbogatata-zhena-vo-svetot-09.jpg

zarabotuva-milijaradi-od-proizvodi-za-ubavina-a-sheta-nesredena-kako-izgleda-najbogatata-zhena-vo-svetot-10.jpg

zarabotuva-milijaradi-od-proizvodi-za-ubavina-a-sheta-nesredena-kako-izgleda-najbogatata-zhena-vo-svetot-11.jpg

zarabotuva-milijaradi-od-proizvodi-za-ubavina-a-sheta-nesredena-kako-izgleda-najbogatata-zhena-vo-svetot-13.jpg

zarabotuva-milijaradi-od-proizvodi-za-ubavina-a-sheta-nesredena-kako-izgleda-najbogatata-zhena-vo-svetot-14.jpg

zarabotuva-milijaradi-od-proizvodi-za-ubavina-a-sheta-nesredena-kako-izgleda-najbogatata-zhena-vo-svetot-15.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 (поранешни) богаташи кои ги изгубиле сите пари и како За помалку од две години, бизнисменот Ејк Батиста изгубил богатство од 35 милија...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
Како би изгледале актерките од златната ера на Холивуд со денешните стандарди за убавина? Од Елизабет Тејлор до Мерилин Монро и Грејс Кели - можете ли да замислите како б...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg