9 совети за преживување во кои не треба да верувате (може да ве чинат живот)

Мит 5: Ако видите мечка, глумете дека сте мртви

Ако забележите мечка, немојте да се преправате дека сте мртви.

Најдобро решение е да се обидете полека да се оддалечите и да не ја губите мечката од вид.

На тој начин ќе покажете дека немате намера да ја заземете нејзината територија.

Сепак, ова зависи и од видот на мечката - некои видови ќе ве нападнат ако глумите мртви.

Затоа, најдобро е прво да истражете какви мечки има во областа во којашто планирате да се движите.

9-taktiki-za-prezhivuvanje-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-mozhe-da-ve-chinat-zhivot-09.jpg

Мит 6: Ако животните јадат некои плодови, тогаш се безбедни и за вас

Факт е дека постојат голем број печурки и плодови што не се отровни за животните и птиците, но се отровни за човекот.

Затоа не ставајте во уста никаков плод за кој не сте сигурни дека не е отровен.

9-taktiki-za-prezhivuvanje-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-mozhe-da-ve-chinat-zhivot-04.jpg

Мит 7: Ориентирајте се според мовта на дрвјата

Не е точно дека мовта расте само на северната страна на дрвјата. Вистината е дека во зависност од временските услови мовта може да расте на сите страни од дрвјата.

За точна ориентација најдобро е да се потпрете на компас.

9-taktiki-za-prezhivuvanje-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-mozhe-da-ve-chinat-zhivot-11.jpg

Мит 8: Ако добиете хипотермија треба да влезете во када со топла вода

Премрзнатите делови од телото не треба да се тријат, затоа што можете уште повеќе да ги оштетите.

Исто така, не треба да користите вода или греалка за да ја затоплите личноста што е премрзната, затоа што на тој начин предизвикувате шок. Најдобро е личноста постепено да се стопли со ќебиња и шишиња со топла вода под пазувите.

9-taktiki-za-prezhivuvanje-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-mozhe-da-ve-chinat-zhivot-08.jpg

Мит 9: За да избегнете напад од ајкула, удрете ја по носот

Вистината е дека голем број луѓе немаат доволно сила за да ја повредат ајкулата, а уште помалку тоа можат да го направат под вода.

Најдобро решение е да ставите некој тврд предмет меѓу вас и ајкулата, како маска за нуркање или даска за сурфање. Или, доколку треба да ја удрите, насочете го ударот кон жабрите или очите - места кои се чувствителни.

9-taktiki-za-prezhivuvanje-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-mozhe-da-ve-chinat-zhivot-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Како учтиво да ја вратите нарачката во ресторан (и кога не е во ред да барате нов оброк)? Доколку ви ја згрешат нарачката или ви стават состојка која сте нагласиле дека н...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
12 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Не поставувајте лични прашања и немојте да одите преку ред, дури и ако „само сак...
Забавни и необични работи што можете да ги видите само во странство (фото) Знаете ли дека во Ница, Франција, има фонтана од којашто можете да си наполните ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg