Како учтиво да ја вратите нарачката во ресторан (и кога не е во ред да барате нов оброк)?

Доколку ви ја згрешат нарачката или ви стават состојка која сте нагласиле дека не ја сакате, во ред е да ја вратите храната во ресторан. Но, како да го направите тоа без да ги навредите келнерите или, пак, готвачот?

kako-uchtivo-da-ja-vratite-narachkata-vo-restoran-i-koga-ne-e-vo-red-da-barate-nov-obrok-01.jpg

Сите правиме грешки, па нормално е некогаш да ви се случи да ви ја згрешат нарачката во ресторан.

Истовремено, сосема нормално е и оброкот што сте го добиле да не ви се допаѓа, па да сакате да го замените.

Но, проблемот е што во ваквите ситуации сите сме загрижени дека ќе делуваме неучтиво, па дури и дека ќе ги навредиме келнерите или готвачите.

Aко почитувате неколку едноставни правила, не би требало да имате проблеми.

kako-uchtivo-da-ja-vratite-narachkata-vo-restoran-i-koga-ne-e-vo-red-da-barate-nov-obrok-02_copy.jpg

Кога е во ред да ја вратите храната?

Постои граница помеѓу тоа навистина да имате проблем со храната или само да барате изговор да ви донесат нешто ново.

Ситуации во кои е во ред да ја вратите храната:

  • Сте добиле ладна храна, а сте порачале топол оброк.
  • Храната не ви изгледа дека е целосно зготвена – месото ви се чини живо, зеленчукот не е обарен доволно…
  • Сте побарале нешто конкретно, како да не ви ставаат домати, но сепак ви ставиле.
  • Навистина, воопшто не ви се допаѓа храната и не можете да ја јадете.

kako-uchtivo-da-ja-vratite-narachkata-vo-restoran-i-koga-ne-e-vo-red-da-barate-nov-obrok-03.jpg

Како учтиво да ја вратите нарачката?

Веднаш реагирајте

Штом ќе забележите дека има потреба да ја вратите храната, веднаш известете го келнерот. На овој начин, ако сте во друштво, другите ќе нема потреба да ве чекаат премногу додека да ви ја сменат нарачката.

kako-uchtivo-da-ja-vratite-narachkata-vo-restoran-i-koga-ne-e-vo-red-da-barate-nov-obrok-04.jpg

Бидете учтиви

Без разлика поради што ја враќате храната, секогаш треба да бидете учтиви кон вработените во ресторанот.

Извинете се, кажете зошто сакате да ја вратите храната и, на крај, заблагодарете се.

kako-uchtivo-da-ja-vratite-narachkata-vo-restoran-i-koga-ne-e-vo-red-da-barate-nov-obrok-05.jpg

Бидете трпеливи

Додека ја чекате новата нарачка, бидете трпеливи и немојте по стопати да прашувате до каде ви е храната.

Подготовката на нов оброк одзема време.

kako-uchtivo-da-ja-vratite-narachkata-vo-restoran-i-koga-ne-e-vo-red-da-barate-nov-obrok-06.jpg

Кога не е во ред да ја вратите храната?

Не е во ред да ја враќате храната откако сте изеле половина.

Ако сте изеле повеќе и дури тогаш ви текне дека не ви се допаѓа, покажувате непочитување и, генерално, лошо однесување.

Доколку имало реална потреба да го вратите оброкот, сигурно немало да изедете половина.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бонтон грешки со кои несвесно го иритирате персоналот во ресторан (и им ја отежнувате работата) Со едно кафе, седите по неколку часа и одите во ресторан кога е очигледно дека с...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
Креативно или „кич“: Луѓе споделуваат необично сервирана храна во ресторани (фото) Пијалак во конзерва од супа, кафе во шолја која личи на тоалетна школка… Сте вид...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg