9 совети за преживување во кои не треба да верувате (може да ве чинат живот)
Цицањето на отровот од змијата може да биде опасно, а ако се обидете да се ориентирате само според мовта на дрвјата ќе се загубите. Во кои познати митови за преживување не треба да верувате?
Некои од овие трикови сте ги виделе на филм, некои се застапени во популарните видеа, а некои сме ги учеле и во училиште.
Во кои митови за преживување не треба да верувате?
Мит 1: Ако ве гризне змија треба да го исцицате отровот
Отровот од змијата влегува многу брзо во крвотокот, а не останува насобран само на местото каде што сте гризнати. Затоа цицањето не е ефективно, а можете да го пренесете отровот во устата и хранопроводот.
Најважно е да останете смирени, да пиете што е можно повеќе течности и да се обидете да стигнете во болница што е можно побрзо.
Мит 2: Ако се изгубите во дивина треба веднаш да најдете храна
Колкупати сте слушнале дека ако некогаш се загубите во дивина, треба прво да најдете храна?
Вистината е дека без храна, човечкото тело може да преживее до 6 недели, затоа најважно е прво да најдете вода за пиење и засолниште.
Мит 3: Како да изградите засолниште?
Пред да направите засолниште, треба да обрнете внимание на временските услови. Ви треба засолниште што ќе ве штити од ветер, дожд или од сонцето.
Но, не е доволно да изградите само мал покрив, имајте на ум дека земјата е многу студена навечер, па затоа е потребно да направите и импровизиран „кревет“ од лисја.
Мит 4: Ако немате вода во пустина побарајте кактус
Вистината е дека многу мал број кактуси содржат вода што може да се пие.
Исто така, треба да знаете дека многу често кактусите се отровни и пиењето течност од нив може да ви ја влоши здравствената состојба или да предизвика неконтролирано повраќање, што може да доведе до дехидрирање.