Се сретна со биолошкиот татко, сака да црта: Каде е денес детето што беше оставено да умре од глад?

Пред околу седум години, потресната фотографија на која се гледа прегладнето детенце кое пие вода го обиколи светот. Најтрагичниот детаљ беше тоа што детето било оставено само на себе бидејќи сите верувале дека е вештер. Оттогаш тоа е згрижено и среќно во новиот дом, а минатата година се сретна и со неговиот биолошки татко.

momcheto-koe-beshe-obvineto-deka-e-veshter-i-ostaveno-na-ulica-da-gladuva-se-sretna-so-svojot-tatko-01.jpg

Ања Рингрен Ловен од Холандија целиот свој живот го има посветено на хуманитарна работа, а една од нејзините акции за спас на невино дете од Нигерија го воодушеви целиот свет.

Имено, малото момче Иква Ибом на 2 години било обвинето за вештерство и било отфрлено од луѓето во неговото село.

Без соодветна грижа, целосно изгладнето, вистинско чудо е како воопшто преживеало пред да го најде Ања.

momcheto-koe-beshe-obvineto-deka-e-veshter-i-ostaveno-na-ulica-da-gladuva-se-sretna-so-svojot-tatko.jpg

Познатата фотографија на која Ања му дава шише со вода ги крши и најтврдите срца, покажувајќи колку луѓето можат да бидат сурови, особено поради погрешните верувања.

Во тој момент се обидела да му даде бисквити, а потоа го зела и го однела во болница, но мислела дека нема да преживее.

Преку социјалните мрежи Ања побарала помош од луѓето да донираат пари за лекување на детенцето, па од целиот свет примила донации во вредност од 2 милиони долари.

„Кога го ставив во автомобилот, го погледнав мојот сопруг Дејвид и му реков дека мора да го крстиме Хоуп (Надеж). Не сакав да умре без име. Требаше да умре достоинствено", изјави Ања.

Но, бидејќи оваа приказна има среќен крај, ова храбро момче стана симбол на надежта за подобро утре.

Одвреме-навреме Ања ја известува јавноста преку социјалните мрежи за напредокот на Хоуп.

Тој е денес здрав, насмеан и среќен. Сака да оди на училиште, сака да црта, да свири и да ја покажува неговата креативност на каков било начин.

Шест години по спасувањето, Хоуп имал и можност да се сретне со неговиот биолошки татко. Средбата се одржала во јули минатата година.

„Сакав селаните да бидат сведоци на неверојатната трансформација на ова момче. Последен пат го вративме Хоуп во неговото село во 2018 година каде одржавме конференција и предавање за целата заедница. 

Овој пат Хоуп беше повозбуден што се враќа во своето село затоа што разбира повеќе. Во еден момент пред нас се појави неговиот вујко - братот на мајка му.

Кога го спасивме Хоуп во 2016 година, неговиот вујко работеше во друга земја, па не ни знаеше што се случува со малото момче. Ни кажа и дека таткото на Хоуп се вратил во селото откако бил отсутен со години. Се упативме кон куќата во која живееше Хоуп за да го најдеме татко му таму“, раскажува Ања.

Вујкото на Хоуп истакнал дека малото момче неверојатно многу личи на својот татко.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 забавни фото-споредби кои ќе ве насмеат и расположат Луѓе на социјалните мрежи споделуваат фотографии „пред и потоа“ и некои споредби...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg